Студентите предаваат за ГТЦ

09.04.2015 02:55
Студентите предаваат за ГТЦ

Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, во четврток (09.04.2015) со почеток во 18 часот студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат прошетка и предавање низ ГТЦ. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти врзани за ГТЦ, можат слободно дојдат и да го проследат предавањето.

Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот трговски центар, додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.

ВАЖНО! Предавањето започнува на платото на ГТЦ од страната на Жена Парк.

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори / Став
Јавни простори / Настан

ОкоБоли главаВицФото