Парадоксот на Евреите и гасните комори

02.06.2015 02:54
Парадоксот на Евреите и гасните комори

Десетици и стотици интелектуалци, новинари, уметници, асистенти по факултети, професори, писатели, бизнисмени итн. деновиве ме направија МАСАКР на социјалние мрежи дека сум бил глуп новинар, кловн, сум правел штета, сум бил циркузант, сум бил дилетант, простак, лудак... Мора да признаам дека ова ме фати на препад, ова не го очекував, и сè уште не можам да си го објаснам.

Знам јас дека целата моја новинарска кариера од 2010-та па наваму сум бил скаран со елитите, но очекував дека сега, после бомбите, ќе се има малку чувство за осет за ситуацијата и ќе бидат охрабрени малку повоинствените методи во борбата со режимот. Јас сепак не го затепав Грујо со кондурите, иако тоа е традиција во арапските земји - оној кој ја изневерил нацијата да се гаѓа со чевли и влечки како симбол на моралното дно кое го достигнал; јас му поставив само директни прашања и осуди кои беа начекани со ерупција на одушевување во јавноста, на улица, низ маркетите и шалтерите сум пречекан како Исус, значи кај народот сум херој, но елитата е згрозена до степен на гадење и самоубиство!

Ова мене ми наликува на еврејскиот синдром, кога Хитлер ги ништел масовно, со багери ги бутал во јами и ги палел во големи печки, тие си седеле мирно, си чекале во редицата и не се бунтувале, си чекале во куќите да бидат собрани и пеплосани, освен бунтот во Варшавското Гето и некои други такви востанија, генерално мислам дека Евреите мирно им се предале на џелатите, што мислам дека и ден денес е феномен и предмет на истражување на психолозите...

Нашава елита како да си легнала на брашното. Толку отров, толку бес, немир и осуда не сум видел ниту за режимот, ниту за режимските кучиња! Јас во моментов од страна на македонската елита сум прогласен за непријател број еден на државата и општеството! Зошто се случува ова? Дали со омраза кон мене тие покажуваат бес и внатрешен немир за својот кукавичлук? Дали борејќи се со мене тие се пресметуваат со својата совест?! Или пак се до толку хипнотизирани, купени и излажани што не се свесни каде и во какво време живеат?!

Во време кога земјата ни се распаѓа, кога режимот нè краде, правата ни се укинати, медиумите сеат црна пропаганда и омраза, да се повикува на нежност и пристојност со нашите џелати за мене е насфатливо и неразбирливо!

Знам дека се работи и за лична нетрпеливост и гнев, но зарем во вакви времиња има простор за такво нешто? Зарем не е детски во вакви околности да си дозволиме лични битки и магарешки инаети да нè водат и да ни го заматуваат погледот и умот?!

Јас ги закопав сите секири кои ги имав кренато и во фелата и во политиката кога почна процесот за решавачката битка со овој режим. Сметам дека е бесмислено сега, додека трае нападот на тврдината на Саурон, ние да се тепаме во нашите ровови кој каков бил и која му била намерата. Секако, треба да се чува грбот, но сега се нема многу енергија и време за бистрење на стратегии. Јуришот трае, стрелите летаат, се гине и мора да се издржи.

Ќе ве лажам ако ви кажам дека оваа хајка кон мене не ме повредува и депримира. Во оваа битка кога нема пари, нема услови, само ловориките, ордените и гласното „фала“ се горивото кое крева, секако, покрај она главното, свеста дека сите се жртвуваме за доброто на државата и сите нас како резултат на тоа. Видете, тешко е да се биде на фронтот. Јадеш ќотек, гладуваш, мизеријата е очајна, опасноста и стравот се големи, тужби по судови, енергијата се цеди до последниот атом, борбата со режимот исцрпува, и да видиш како стотици елитисти од своите кабинети по факултетите и НВО канцелариите си играат мајтап со тебе и те плукаат затоа што си се охрабрил да им влезеш на талибанците со мајагери во лице, е многу болно и депримирачки.

Ќе пробам да го издржам овој удар. Ова што ми се случува е нешто што не го очекував и е многу загрижувачки за нивото и степенот на свест на нашите елити. Живеев во заблуда дека тие се навистина свесни за сè. Ги преценив. Не предвидов и не знаев дека нашата елита во голем дел е збунета и недоволно итра и интелигентна како треба да реагира на ова што ни се случува. Јас мислев дека Грујо владее само со рајата која го гледа Јанко Бурек. Но режимот успеал да го здрма и мозокот на нацијата. Тоа е очајно, но за жал вистинито.

Да не беа бомбите кои му ја тргнаа чергата од под нозе на Грујо, па тој акна грбечки на плочките, со оваа наша елита со еврејски синдром ние ќе теравме со режимов уште 20 години, сè до самиот крај на оваа држава...

П.С. Свесен сум јас за моите мани, да се разбереме за тоа. Знам јас дека оние кои ме критикуваат прочитале повеќе книги одошто јас сум видел со очи наредени на полици. Знам јас дека ја има и онаа вечна град-село омраза. Знам јас и дека вулгарноста во Македонија е на црната листа број еден, многу пооцрнета и од измамата, курварлукот карактерен, подлоста, злобата, поткупливоста, лицемерието, опортунизмот, клептоманијата, егоизмот, суетата итн. Знам и дека сум направил неколку испади кои некои не можат да ми ги простат. Но сепак си мислев дека во вакви времиња сето тоа ќе се потисне, ќе успееме сите да се издигнеме над тие македонски стари предрасуди и слабости, дека и моите мани ќе бидат простени во вакви времиња, дека ќе успееме да се издигнеме над дрвото и ќе ја видиме шумата, дека барем малку ќе покажеме сенс за осет за филинг за чувство за осеќај... Ама јебига, Венко Андоновски и Трендо вредностите ептен пуштиле корени во оваа наша мила вукојебина... Лажните извикани величини ептен добро ја исферментирале нашата елита, до ниво на оцетна смеса која вари сè што не се преправа и е сурово, нерафинирано, не е добро изгланцано и премачкано со лак за бродски паркет...

П.П.С. Жалам за оние кои се охрабрија да ме пофалат на социјалните мрежи, па беа масакрирани од своите пријатели и мораа да се правдаат, дури потоа и да се дистанцираат од мене и да го повлекуваат почетниот став. Мислам дека и самите тие беа шокирани за еврејскиот синдром на македонската елита. Има и смешни моменти. Новинарката на Дневник, Јорданка Ивановска Јоци, беше одушевена од моите акции во клуб на пратеници од првата средба. Напиша неколку статуси, ме фалеше, урлаше, за да по неколку дена, откако виде дека поради тоа станав цел на фалење од народните маси, па дури и Заев го услови учеството на лидерската средба со моето присиство, таа за 3 дена се предомисли и почна да фрла дрва и камења по мене, дека сум бил новинарско дно и кловн?!

П.П.П.С. Клучен за ерупцијата на негодување кон мене од новинарската елита е фактот што лидерската средба беше условена со тоа дали јас ќе бидам пуштен на средбата. За жива белја, поради повредите од тепањето, јас малку побавно се движам, што се виде кога не можев да го стигнам Хипо на паркингот на Александар Палас, па ми избега човекот, и поради тоа задоцнив на лидерската средба 10 минути. И пазете сега, 50 новинари, 4 политички лидери, двајца амбасадори го чекаат Саше Политико да се довлечка во клубот на пратеници. Тоа предизвика толкави количини на гнев и кренат притисок кај моите душмани, што разбрав дека Бранко Героски почнал да плаче и да вришти избезумено и фатил да се дави сам себе во едно од езерцата во дворот на Домот на пратеници, но бил спасен од еден од многуте бодигарди на политичките лидери...

П.П.П.П.С. И на крај, очекував сè, ама дека ќе се отвори дебата дали да се праша и осуди премиерот за забегувањата, тоа не го очекував. Тоа само покажува колку ние како општество по 9 години диктатура сме забегале и сметаме дека премиерот и министрите треба да се остават мирно да си тераат работа, додека ние слушаме што сè тие правеле. Падот на А1, цензурата, прогонот на критичките новинари, масовната пропаганда директно но и индиректно ги поместиле врдностите во ова општество, па ДПМНЕ и Грујо се поставиле себеси како монархија и сега е невкусно директно да се соочуваш со монрхот, туку само од далеку, од дома преку текстови, не и со директни дуели и незгодни прашања - тоа било невкус и егзибиционизам... Еве неколку прашања, како е во нормалниот свет кон кој ние треба да се стремиме:

 

 

 

 

 

Извор: Мактел
Слики: Johan Barrios