МВР: Досега ниеден „комита“ не ни пријавил дека тепал Албанци

10.08.2015 13:41
МВР: Досега ниеден „комита“ не ни пријавил дека тепал Албанци

Скопје, 10 август 2015

Од МВР соопштија дека сторителите на хулиганските напади на граѓани од албанско етничко потекло му се непознати зашто досега никој сам не се пријавил дека направил такво дело.

Како што е познато, навивачи од навивачката група „Комити“ вчера по натпреварот Вардар-Шкупи тепале Албанци во Центар и во Карпош, но потоа си отишле дома и не стасале сами да се јават во полиција. Доколку и во следните 48 часа никој сам не се пријави, од Министерството се закануваат дека ќе ги удвојат рекламите по автобусите и на други јавни места против насилството.

„Ги молиме `комитите` што тепале сами да се пријават. Ветуваме дека нема ништо да им фали, ќе ги пуштиме за половина час, максимум со прекршочна пријава, а на тие со соодветна партиска книшка ќе им вработиме по двајца членови на семејството во `Македонски шуми` и ќе добијат гратис дрес од Вардар со потпис од Самсоненко, само нека се пријават сами, за да не мора ние да не можеме да ги најдеме“, се вели во потерницата-замолница објавена на сајтот на МВРО-ВМРО.

Извор: kozanostra.net