Професор од Оксфорд препорачува: работното време да започнува од 10 часот

09.09.2015 12:02
Професор од Оксфорд препорачува: работното време да започнува од 10 часот

Принудувањето на работниците да работат пред 10 часот е еднакво на мачење и работниците многу брзо ќе бидат исцрпени, ќе се разболат или ќе се најдат под голем стрес, смета професорот Пол Кели од Универзитетот Оксфорд.

Според него, пред 55 години биоритамот на возрасните воопшто не бил синхронизиран со нивното работно време од 9 до 17 часот, а тоа претставува „сериозна закана“ за продуктивноста, расположението и менталното здравје.

Д-р Пол Кели тврди дека е време за голема општествена промена која ќе ги прилагоди работното време и одржувањето на наставата на биолошкиот часовник на луѓето.

Бројни експерименти со биоритамот покажале дека еден просечен 10-годишник нема да може добро да се фокусира на наставата пред 8:30 часот, додека 16-годишниците, за да дадат најдобри резултати, треба да почнат со наставата во 10 часот. За студените, најдобро време за предавање е околу 11 часот.

Д-р Кели верува дека едноставното поместување на наставата би ги подобрило оцените на учениците за 10 осто. И самиот го направил тој експеримент. Додека работел во едно средно училиште, го поместил почетокот на наставата од 8:30 во 10 часот и најдобрите оценки биле подобрени за 19 отсто.

Исто така, според него, компаниите кои ги тераат вработените да започнат со работа што порано прават штета на продуктивноста и натрупуваат здравствени проблеми.

„Ова е голем општествен проблем. Работниците би требало да почнат со работа во 10 часот. Во спротивно, не се доволно наспани и така полека се движиме кон уморно општество, а со тоа му штетиме на телото. Никогаш нема да можеме да го промениме 24-часовниот биоритам кој го имаме. Нашите тела секогаш ќе се прилагодуваат кон сонцето“, заклучува Кели.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото