Ти се потпиша?!

30.09.2015 01:54
Ти се потпиша?!

-Колку луѓе се потпишаа на Иницијативата?
-Толку и толку.
-Слабо бе?!
-Тоа е.
-Мислам дека требаше плакати да залепат...
-Имаш претстава колку чинат плакати?
-Требаше да одат од стан до стан, од куќа до куќа.
-Одат. Знаеш ти колку е 60.000 луѓе?
-Знам де, ама ако сакаат да соберат потписи...
-Ти се потпиша?
-Ќе одам утре-задутре, ако стигнам...
-Што чекаше?
-А зошто СДСМ не ги собере...
-Граѓанска иницијатива е.
-Знаев дека за ништо не ги бива.
-Граѓаните?
-Не бе, СДСМ.
-Што па сега СДСМ?
-Овие не ги бива, ама СДСМ чоече, нели интелектуалци се...
-Ти сакаш партија да ти биде газда?
-Не бе, зошто?
-Имаш шанса да бидеш ГРАЃАНИН...
-Ич не ме интересира политика...
-Ова што го зборуваш е политика. Само кој да ти каже.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото