Грујо е одвратен човек! Си ги користи жената и децата за маркетинг!

04.01.2016 13:29
Грујо е одвратен човек! Си ги користи жената и децата за маркетинг!

Ниеден политичар во земјава не си го продавал толку многу семејството за политички поени како Груевски. За овој лудак нема ништо свето, за него сè е маркетинг, сè е политика, па дури и една обична прошетка со децата и сопругата на снег.

Замислете колку е овој човек мрднат и расипан. Решава да оди да се шета, вика обезбедување со себе и се јавува по медиуми да дојдат фотографи и камери да снимаат?! Па позира, се смешка, се врти накај камерите со децата...

Како бе не му здосади од сабајле до вечер да позира, како?! Малку ли му се 10 години позирање и глумење пред камери, читање од ливчиња, наместени интервјуа, наместени прашања во собрание, нарачани прашања на пресови за време на сечење ленти, зошто не се посвети малку на тие деца и на таа жена без да влече камери со себе?! Толку ли е болен во умот што ги продава и своите деца и жена како роба на тезга?!

Сите ние постираме слики од нашите најблиски и сакаме да бидеме видени со нашите најблиски, тоа е нормално. Но ние не се кандидираме на избори, ние не ловиме политички поени и не сме по цел ден пред камери, не сме отсутни од дома по цел ден и по неколку денови за да во тоа малку семејно време викнеме фотографи да ни го сликаат семејството, а преку фотографиите да ловиме гласови на избори. Тоа е некако подло, ниско, расипано...

Има нешто многу одвратно во овој човек, овој човек не е добар во главата, не е арен... Сетете се дали ги знаете децата на Киро, на Бранко, на Радмила, на Заев, на Гошев, на Тупурковски, на Пенов, на Тито Петковски, на Андов, на Ѕинго, на Ахмети, на Џафери, на Тачи, на Жерновски?! Тие немаат ли семејства? Нели си ги сакаат децата? Секако дека да, но не се мрднати во умот и не се толку луди да ги нудат како јаболка на тезга, не ги злоупотребуваат за политички поени, имаат доблест, луѓе се, нормални се, она малку време што го имаат за нив им го посветуваат ним и не ги искористуваат своите најблиски за лукративни причини...

Извор: Мактел