За соживот: ќе се гради стометарски крст со двоглав орел на врвот

28.02.2016 03:38
За соживот: ќе се гради стометарски крст со двоглав орел на врвот

Скопје, 28 февруари 2016

Поради влошувањето на меѓуетничките односи во неколку скопски општини, на итна и заедничка партиска седница ДПМНЕ и ДУИ донесоа одлука за изградба на симбол кој треба да ги сплоти граѓаните на Македонија.

Како што дознаваме од извори блиски до нив, симболот ќе претставува стометарски крст на чиј врв ќе биде поставен двоглав орел. На тој начин, како што велат во соопштението издадено по средбата, „ќе им се оддаде почит на сите етнички заедници во Република Маќедонија и ќе се трасира патот за хармонични односи меѓу сите граѓани на градот Скопје“.

„Крстот“, се вели во соопштението, „ќе биде целосно златен, а двоглавиот орел ќе биде конструиран од дијаманти. За овој споменик на новиот соживот владата ќе издвои неколку стотици милиони евра, за што ќе се задолжи кај светските и кај европските банки. Кредитот, се вели во соопштението, ќе се исплаќа во наредните педесет години.“

Од ДПМНЕ и од ДУИ не го кријат задоволството од спогодбеното решение, а нашите извори велат дека наскоро постои можност за промена на симболот на македонското државно знаме, па познатото сонце на црвена позадина ќе биде заменето со златен крст со црн двоглав орел на црвена позадина.

Локацијата на која ќе се постави новиот стометарски крст со двоглав орел допрва ќе се утврдува, но меѓу упатените веќе кружат гласини дека тоа ќе биде некоја етнички мешана општина во македонската престолнина.

Слика: Странски служби