1021 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 23:59

Со изложба на протестни фотографии „Жена борец“, вчера беше отворено четвртото издание на фестивалот „Прво па женско“. Најмногу публика привлече гала вечерта на раскажување женски приказни насловена „Пич прич“/PeachPreach, според концепт на Румена Бужаровска и Ана Василевска.
Публиката имаше можност да ужива во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа за нивниот „Прв пат кога...“ – секоја, се разбира, по своја интерпретација на зададената тема. Гордана Попсимова, Ана Костовска, Оливера Трајковска, Лилјана Дирјани и Јана Јакимовска раскажуваа за теми кои ги сметаат важни, и теми кои истовремено беа емотивни, хмористични и сериозни.
Фестивалот „Прво па женско“ продолжува и денес и утре, а целата програма можете да ја видите на следниот линк.

.gif)


.gif)




.gif)
Фотографии: Ванчо Џамбаски