Граничните премини – иднината на Европа?

31.03.2016 11:29
Граничните премини – иднината на Европа?

Фотографот Јозеф Шулц кој е роден во Полска, а живее во Германија, во текот на 2007 и 2008 година фотографирал стари гранични премини во дел од Европа кои веќе не се користат, со цел да го документира ставот на Европејците кон границите. Проектот го нарекол „Транзиција“.

Додека Европската унија континуирано расте и се шири, многу граници во внатрешноста на државите се исчезнати. Повеќето земји-членки на ЕУ се во Шенген зоната, каде што граѓаните можат слободно да патуваат без контроли на граничните премини.

„Границите постојат поради политички одлуки, а луѓето се навикнати на нив“ – вели Шулц. Иако физичките граници се укинуваат, психолошките остануваат во нашите умови“ –вели фотографот. А неговата намера е да ги укине и овие вторите.

„Укинувањето на границите, не значи откажување од сопствената култура. Станува збор за свет во кој се зближуваме, свет во кој заеднички ги решаваме проблемите, а не спротивставувајќи се едни со други“ – вели Шулц.

Шенген зоната, една од политиките на Европската унија која ужива најголема поддршка, во последно време е на удар, а земјите како Унгарија, Хрватска и Словенија ги затворија своите граници за да спречат илјадници емигранти и бегалци, оставајќи ги на отворен простор. Данска и Шведска исто така ги засилија построгите контроли за да го забават приливот на луѓе во своите земји.

По нападот во Париз во ноември 2015 година, француските власти исто така воспоставија гранични премини на главните патишта кон Белгија, барајќи од возачите и патниците да ги покажуваат своите пасоши кога поминуваат. Вооружени чувари почнаа да патролираат во возовите кои преминуваат од една во друга земја.

Неодамнешните терористички напади како зголемени безбедносни мерки повторно во фокус го ставија прашањето на границите во внатрешноста на Европа. Во продолжение погледнете ја фото галеријата на напуштените гранични премини кои можеби ја предвидуваат иднината на Европа.

 

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото