Хомофобијата и спортот

09.04.2016 01:11
Роналдо, педеру!

Хомофобијата е еден од факторите кои придонесуваат за вкупниот број жртви на злоупотреба во спортот, и заедно со другите облици на дискриmинација, може да го направи спортот небезбедна активност за многу деца. Луѓето во сите региони од светот доживуваат насилство, вознемирување, дискриминација, исклучување, стигматизација и предрасуди поради сексуалната ориентација или родовиот идентитет.

 

Да се сетиме на случајот на јужноафриканската фудбалерка Еуди Симелане, која 2008 година беше пронајдена делумно разголена, силувана, претепана и избодена во својот роден град Ква Тема во Јужноафриканската Република. Таа играше фудбал за репрезентацијата на Јужноафриканската Република и за два јужноафрикански клубови. Оние што ја познаваа ја паметат како талентирана, страствена и скромна. Беше загрижен борец за рамноправност и активистка за правата на ЛГБТ заедницата, и е една од првите жени во градот Ква Тема која отворено живееше како лезбејка.

Вчера, на 5 април, навивачите на Осасуна во текот и по ремито со Реал (0:0) го „честеа“ Португалецот со повиците „Кристијано умри“ и „Португалски кучкин син“, а скандирањето од трибините на „Rejno de Navare“ се пресели и околу хотелот во кој ноќеваа Мадриѓаните. Овој случај секако е помалку сериозен од она што ѝ се случи на фудбалерката Симелане, но тоа не ја намалува сериозноста на инцидентот.

„Ова е срамота! Скандал! Тоа што го извикуваа навивачите на Барселона е казниво и со закон! Во текот на овие години на стадионите се скандираат хомофобични пароли на сметка на играчите и судиите. А, никој никогаш не се огласи и не рече доста. Никогаш. Шпанскиот фудбал е затруен со вакви скандирања“, налутено рече Франциско Рамирез, еден од влијателните членови на ЛГБТ здруженијата во Шпанија.

За овој борец за правата на сексуалните малцинства оправдување за ваквите скандирања не е ни лицитацијата дали Роналдо сака момчиња или девојчиња по разголените фотографии со кик боксерот Бадри Хари.

„Хомофобијата ги погаѓа и луѓето кои не се хомосексуалци. Ваквите зборови служат за да навредат, понижат или омаловажат некого“, продолжи Рамирез.

„Тие нешта влегуваат на едно уво, а излегуваат на другото. На тоа не му придавам големо внимание. Секогаш постои добра и лоша страна. Кога играме добро добиваме многу аплаузи, но дури и од нашите навивачи понекогаш чувствуваме притисок“, рече Роналдо за „Марка“.

Најскапиот играч на планетата додаде дека таквото однесување на противничките навивачи е сосема нормално.

„Мене ми е сосема нормално тоа што наидувам на лош прием на гостувањата. По Светското првенство во 2006 година такви нешта ми се случуваа низ цела Англија“, додаде Роналдо мислејќи на познатиот картон за Вејн Руни.

Инаку, Португалецот своевремено кажа дека навредите дури и му годат.

„Не ми пречат скандирањата и исвиркувањето од противничките навивачи, дури можам да кажам и дека ми годат. Сакам да ја видам омразата во нивните очи, сакам да слушнам навреди, затоа што не ми е грижа. Вистина е дека многумина ме мразат, но оние што ме сакаат се повеќе. Единствено ми пречи кога играм лошо. На останатото не посветувам внимание“, рече Роналдо за списанието „So Foot“ непосредно пред доаѓањето во Мадрид.

Извор: http://www.e-novine.com

ОкоБоли главаВицФото