Славни фотограф(к)и: Мери Елен Марк

09.04.2016 11:01
Славни фотограф(к)и:Мери Елен Марк

Фотографката Мери Елен Марк ( (1940 – 2015) почнала да се занимава со фотографија во 1960 година, доловувајќи улични сцени во нејзината родна Филаделфија, анти-виетнамски сцени и демонстрации за женските права во Њујорк. Во времето кога работела за списанието Look, американската фотографка одбрала да ја документира егзистенцијата на очајните, маргиналците, бездомниците, ранетите од животот, како што се проститутките на улиците во Индија, психијатриски пациенти, малолетни зависници од хероин: „Се грижам за луѓето, и тоа е причината зошто станав фотографка.“

Без наслов, 2013

И покрај темнината која е константно присутна во нејзините теми и кај нејзините субјекти, Мери Елен Марк секогаш успевала да прикаже хуманистички слики, ослободени од вулгарност и неодобрување. Таа исто така го документирала и гламурот на општеството, како призната славна портретистка и сценска фотографка која работела за Федерико Фелини и Френсис Форд Копола. Оваа славна фотографка успеала да направи линк меѓу славните и очајните на истиот меланхоличен, но сепак нежен начин, па во тој контекст, во една прилика вели: „Моите фотографии се тажни. Но, погледнете ја нежноста.“

Гејл Хики (20), Иан Вест (20), Томас (едногодишно бебе), Редферн, Нов Јужен Велс, Австралија, 1987

Она што е суштинско за делата на Мери Елен Марк е нејзиниот бестрашен поглед. Таа ги гледала и фотографирала нејзините субјекти со почит, никогаш со сожалување, без разлика дали станувало збор за Марлон Брандо или за бездомно семејство без покрив над главата. Секој од нив ја добивал истата непоколеблива грижа и внимание. Потребна е храброст да се гледа светот на овој начин, а Мери Елен го правела тоа со целото свое битие, доближувајќи се до јадрото на нештата.


Семејство позира  во својот стан во Кабрамара, предградие на Сиднеј, Австралија, познато како Виетнамита

Вера Антиноро, Рода Кампорато и Мури Голдман, италијанско-американскиот клуб „Луиџи“, Мајами, Флорида, 1993

Рам Пракаш Синг со неговиот Слон Шајама, Големиот Златен циркус, Ахмедабад, Индија, 1990

Марлон Брандо на снимањето на филмот „ Apocalypse now“ во режија на Френсис Форд Копола, 1979

Тини во нејзиниот костим за ноќта на вештерките, 1983

Џеси Дем, Лано, Калифорнија, 1994

Аманда и нејзината братучетка Ејми Валес, Северна Каролина, 1990

Федерико Фелини за време на снимањето на „Satyricon“, 1969

Петгодишно муслиманско девојче, Kayraat Kabbout, муслиманско основно училиште, Австралија, 1987

Нилски коњ и изведувачка, циркус Рајман, Мадрас, Индија, 1989

Акробатка со нејзиното кутре Свити, Големиот циркус Реј Камал, Уплета, Индија, 1989

Мона додека пуши, Вард 81, Државната болница во Орегон, Салем, Орегон, 1976

Екипата од филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ на Милош Форман. државната болница во Орегон, Салем, Орегон, 1974

Семејството Дем во автомобил, 1987

Извор: theredlist.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото