1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Не ме болеа пендреците, не ме болеа ударите со цокулите по цеваница, не ме болеше ниту паѓањето од удар на земја, ниту грабањето за врат-глава и влечењето по улица. И крв да ми потече немаше толку да ме боли, колку што ме заболе понижувањето: „КЛЕЧИ - не клечам, НА КОЛЕНА - нејќам, КЛЕЧИИИИ… па со пендрекот и со цокула во нозе. Вреснав „кому тоа да клечам, ЗОШТО на колена, КОМУ??? Јас ни на татко ми ни на маж ми не сум им клекнала на колена, ЗОШТО, кому тоа на колена да му клечам и ЗОШТО????“
Не верувам дека разбраа што им реков, продолжија да маваат.
Им благодарам на групата дечки кои се нафрлија врз полицијата во намера да ме заштитат и кренат од земја со извици „алооо бе, што правите, вие не сте нормални, СЕ ТЕПА ЛИ ЖЕНА?“, а жалам што поради тоа добија пендреци и цокули во тело, а некои и ги приведоа. Колку и да ги удираа, тие не се повлекоа сè додека не ме тргнаа на сигурно.
Не ги познавам, но од сесрце им БЛАГОДАРАМ.
Еден од нив го знам, тој „доби“ најмногу извлекувајќи ме и заштитувајќи ме цело време.
Фала ти, друже!
Фала и на сите оние кои потоа ми приоѓаа и ми нудеа вода, сокче, и загрижено прашуваа „добри ли сте, ви треба ли помош“.
НЕ, не сум добра, МЕ БОЛИ КЛЕЧЕЊЕТО НА КОЛЕНА кое ми го приредија ПОЛИЦИСКИТЕ ХУЛИГАНИ, удирањето по цеваници и фрлањето на земја.
Да, тие се ХУЛИГАНИ, а не оние млади дечки и оној народ кој протестира и бара СЛОБОДА.
БРАВО младино, вие сте ХЕРОИТЕ и СПАСИТЕЛИТЕ на Македонија!
Некој ќе праша, а што бараш ти таму? Ќе рече, па нека те тепаат, си го бараш.
Барам СЛОБОДА! Слобода за мојот син, моите внуци, мојот народ, СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
И некој да не помисли дека ме исплашија и вечер нема да одам! ДА, ќе одам, воопшто не им се плашам!
(3:16 минута, регистрирано од камерите на ЦИВИЛ)
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Ванчо Џамбаски