Изгласан закон за партнерство на геј двојките во Италија

13.05.2016 14:08
Изгласан закон за партнерство на геј двојките во Италија

Долниот дом на италијанскиот парламент го усвои историскиот закон за граѓанско партнерство со што Италија престанува да биде последната западноевропска нација која не ги дозволува хомосексуалните заедници.

Законот беше усвоен со 372 гласа наспроти 51 против и 99 воздржани.

„Денес за многумина е ден за прослава“ – напиша на фејсбук премиерот Матео Ренци.

Пред конечното гласање на владата на премиерот Матео Ренци, долниот дом изгласа доверба, а бидејќи тоа гласање не помина, Ренци ќе мора да се повлече, за што постои мала веројатно со оглед на фактот дека зад него во парламентот стои уверливо мнозинство.

Во февруари, предлог-законот за истополово граѓанско партнерство беше одобрен од страна на Горниот дом, Сенатот.

Италија беше последна од големите земји од западна Европа која немаше закон за граѓанско партнерство, со што сега се противи на конзервативните опозициски партии и Католичката црква.

По неодамнешното гласање во парламентот, неколку стотици геј активисти го прославија изгласувањето на законот, додека неколку конзервативни политичари изјавија дека ќе ја објават кампањата за собирање на потписи за референдум против тој закон.

И покрај донесувањето на овој закон, хомосексуалните двојки сè уште не можат да посвојуваат деца.

Архиепископот на Сицилија, Мишел Пениси изрази несогласување во интервју за дневниот весник La Repubblica, напоменувајќи дека поголемиот дел од земјата не го сака тој закон и дека неговото наметнување претставува „форма на притаен фашизам“.

Шефот на тврдокорната Северна лига, Матео Салвини ги повика градоначалниците на неговата партија да го бојкотираат законот, а кандидатот на десниот центар на локалните избори во Рим на 5 јуни, Алфио Марчини изјави дека одбива да склопува хомосексуални граѓански партнерства.

Со законот за граѓански партнерства меѓу личности од ист пол, на овие заедници им се обезбедуваат исти права како и на брачните двојки во однос на наследство, домување, пензија, право на посети во болниците, морална и материјална реципрочна обврска на помагање на партнерите, дозвола за престој за партнерот кој е странски државјанин, можност за земање на презимето на партнерот. Во законот сепак не е вградено правото за посвојување деца од страна на истополовите партнери, што предизвикува разочарување кај геј заедницата.

Извор: www.6yka.com

ОкоБоли главаВицФото