Албанците кои пиздат за фашизмот на Миленко, а гласаат за ДУИ, се удрени со мокра чорапа!

13.06.2016 16:08
Албанците кои пиздат за фашизмот на Миленко, а гласаат за ДУИ, се удрени со мокра чорапа!

Комедија ми се оние Албанци кои со право пиздат на фашизмот на Миленко, но потоа си гласаат за ДУИ, истата таа ДУИ која го штити режимот на ДПМНЕ, кој пак го финансира Миленко.

Тие Албанци мислам дека се малку нетокму... Нешто како удрени со мокра чорапа...

Јас не сум поборник на тоа ДУИ да излезе од влада и да му даде простор на Мендух Тачи да покаже колку гине за ДПМНЕ, но сепак ДУИ можеше и додека е во влада да се бори за правда, транспарентност, домаќинско работење, борба против корупција и криминал, почитување на новинарските слободи итн.

Наместо тоа, ДУИ не само што беше безгласна буква за сето ова, туку и сега кога ДПМНЕ се бори за спас, ДУИ секогаш се наоѓа тука некаде да им пружи раче и да ги турка нагоре надвор од амбисот. ДУИ како да се моли на бога ДПМНЕ да се спаси, како да им одговараат како соперници во оваа вукојебина!

Јавните настапи на Бујар Османи и Артан Груби покажаа колку само омраза има кон СДСМ од оваа партија, иако СДСМ го помогна креирањето и спроведувањето на рамковниот договор на своја политичка штета.

Но, во ДУИ како да имаат ТЕНДЕРАШКА АМНЕЗИЈА!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња