1015 hPa
26 %
33 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 14:11

Вечерва при обид да постави транспарент на Камениот мост за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, беше уапсен граѓанскиот активист Павле Богоевски.
Десетици граѓани и активисти од Шарената револуција се собраа пред полициската станица Пролет, каде што беше одведен Богоевски и скандираа „полициска држава“, „слобода за Пајо“ и „апсете го Груевски“.
По неколку часа, Богоевски беше ослободен и поздравен од насобраните граѓани пред полициската станица Беко. Собирот заврши со заеднички поздрав на граѓаните до Груевски: Шутка не ти бега Никола!








Фотографии: Ванчо Џамбаски