Лондон и големите градови гласаа за останување во ЕУ: Излегувањето го изгласаа селаните, старците и социјалните случаи

24.06.2016 15:54
Лондон и големите градови гласаа за останување во ЕУ: Излегувањето го изгласаа селаните, старците и социјалните случаи.

Британскиот главен град цврсто беше за останување во Европската унија. Тоа го покажува картата со резултатите од референдумот за излегување или останување на Велика Британија во Европската унија, која покажува како гласаа Британците по региони.

И Ливерпул и Манчестер и шкотскиот Единбург и големиот Кардиф во голема мера беа за останување, а во Бирмингем противниците и заговорниците за излегување на Британија од ЕУ беа изедначени. За останување беа и Оксфорд, но и северноирскиот Белфаст.

Изгледа дека за излегување од Европската унија главно гласаа поруралните средини, а особено поттикнати за излегувањето беа на крајниот исток од Англија, во регионот Ист Мидландс каде во некои делови на самиот источен брег над 80 проценти од гласачите гласаа за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Податоците покажуваат дека, генерално гледано, Англија и Велс биле за излегување, а Северна Ирска и во уште поголема мера Шкотска, за останување на Британија во ЕУ.

Според староста, Британците на возраст од 18 до 24 години, односно оние кои најдолго ќе мораат да живеат со вчерашната одлука, во најголем процент биле за останување во Унијата, 64 проценти. Колку се постари, Британците сè повеќе се противници на Британија како дел од Европската унија. Најмногу од оние кои се за излегување се во старосната граница од над 65 години, 58 проценти. Просекот на годините, односно колку тие ќе мораат да живеат со својата одлука е 16, а оние најмладите гласачи кои најмногу беа за останување, ќе живеат со оваа одлука во просек од 69 години.

Досега, од европските земји како најголеми противници на Европската унија и евроскептици се покажаа припадниците од посиромашното и полошо образованото население, а со оглед на регионалната структура на гласањето за останување, односно излегување на Велика Британија од Европската унија може да се претпостави дека токму таквото население го изгласа излегувањето од ЕУ.

Извор: http://www.6yka.com/