1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 10:59
Никола, ние „МРАЧНИТЕ СИЛИ“, денес додека на древните богови на дождот и ветерот им игравме ритуален танц – и дур ги молевме тие безимени пагански древни богови, постари и од првиот здив на новороденчето, постар и од гладот на човекот пред да касне од „дрвото на сознанието“, што побрзо да ти ја доделат заслужената казна – да те „даруваат“ со канџа од црн петел што снел јајце… Вечерва, на овој исконски дожд и древен ветар – Јас, ние, сите ние, аветите на твојата инсомнија, ти ја испеавме песната:
Кој се плаши од лопов лош
три за грош – три за грош
Јас од Грујо немам страв
Тра – ла – ла ла ла!
Кој се плаши од дождот луд
таков нема – I feel good
He нè плаши ни ветерот што сече
Оти Грујо е тој, во пекол што ќе се пече!
Кој би се плашел од диктаторчето мало
па тоа – кожичка да спаси – сè би дало.
Еј Грујо, доста со спинови и блефови, престани да го дрвиш,
оти патот твојот е еден и од кај да в’тиш, кон Идризово тој врви!
Кој се плаши од дождот силен!?
Ние ШАРЕНИТЕ сигурно – не!
Оти од дождот виножито се гради,
а од таму, секој од нас, својата боја ја вади!
Грујо, слушаш ли ветар вие, човек со совест како твоја,
на вакво време, не би трбало да спие…
Твоите крвави раце, ни ваков порој не ги мие
Тоа ветар вие?! Или народот, стапка по стапка, гробот ти го рие!!!
Пијавицо алава, чизмата диктаторска, сè почесто во глиб и глина ти глави!
Ќебенце под мишка и кратка шишка, и сапунче, во торбичка, мама Наде да ти стави!
Слеп ли си, смрдибубо -дпмнеовска – овој народ, право кон Идризово, шпалир ти прави!!!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски