Груевски е најголемата елементарна непогода!

09.08.2016 10:00
Груевски е најголемата елементарна непогода!

Тажен сум и огорчен за тоа што ни се случи со поплавите, ама најмногу сум бесен поради лицемерието на Груевски по катастрофата. Човекот што бараше и договараше рушење на објекти поради одмазда сега шета по вода, оди по неа и глуми спасител на народот. Беспомошниот народ.

Но ти, Ж, добро играш и знаеш кога е во прашање твојот рејтинг. Парите за чистење на канали ги даdе за телевизии со нарачани прилози кои потоа треба да те вадат од гомната и прават светец vо вакви или слични кризни моменти пред народот. Да не се залажуваме, од твојата расипана и извитоперена сентименталност полна со злобно кикотење во позадина, јасно е дека за тебе починатите, повредените и отштетата се само бројка што ти ја менаџираат за да не ти падне рејтингот. Така било претходно, така е и сега. Така било отсекогаш. Иако сето тоа е одвратно, популистичко и лицемерно дејствие, за жал, за голема жал, уште пали кај дел од граѓаните. За среќа, тој дел секој ден е помал и помал.

Најмногу ми е криво што требаше да умрат луѓе за да се покаже вашата неспособност и негрижа за сè. Да ви испливаат на површина гомната што ги трупавте во бунарот од кај што пиевте вода за власт. Премногу сте бесчувствителни, затскриени под маските на медиумите за и овој пат да ви е грижа за настраданите. Лажни солзи и лажна агилност преку која следи вртење телефони пред телевизии како баш сега да ќе се среди тоа што ни се случи.

Грујогрижците ќе речат да не мешам политика, ама и тоа како ќе мешам и ќе се мешам затоа што мора да се запрашаме, што беше претходно и како таа ни се меша во животот? И тоа мешање ме засега, мене индиректно, настраданите директно. Претходно, цело време, преку цела таа ваша политика паушално градевте само за да крадете дрско, да вработувате за гласови за потоа да вршите притисок врз вработените, ги полневте институциите со партиски кадри коишто се наградувани со државна работа само за успешно извршени партиски задачи, а истите тие се без грам познавање, стручност и одговорност кога ќе се случи ваква катастрофа. Да се креваат раменици, да се бега од одговорност и да ни се случува куршлус, за потоа народот да се моли за донации, за помош, за апели и слично, за вие на крај да излезете на телевизии и да глумите спасители од проблемите што индиректно ги создадовте. О, и тоа како сте криви за ова! На многу начини сте криви, но знам дека пак нема да преземете одговорност, затоа што никогаш сте ја немале.

Вие добро си знаете во вашиот центар за кризни ситуации и спас на рејтинзи дека сè се заборава пред избори, па дури и страшни поплави. Секое чудо за три дена во Македонија, освен чудото Груевски. Тој трае со години и сè уште претставува една од најголемите елементарни непогоди за нас!

Извор: Фејсбук профилот на авторот