Малме: Зграда прилагодена само за велосипедисти

31.08.2016 11:08
Малме: Зграда прилагодена само за велосипедисти

Cykelehuset Ohboy! е прв станбен објект во Шведска кој нема да има паркинг за автомобили! Развиените земји се комплетно опфатени од трендот на изградба на објекти сосема прилагодени на потребите на велосипедистите. Наместо гаражните места, се зголемува просторот за паркирање на велосипедите, со што се поттикнува нивно возење.

Меѓутоа, зградата Cykelehuset Ohboy! во Малме целосно го радикализира овој пристап. Таа, всушност, нема да има ниту едно место гаражно место за автомобили туку само за велосипеди кои без проблем ќе можат да се однесат во станот на сопственикот.

Бевте на пазар? Одвезете се право во вашата кујна, каде можете да се распакувате, бидејќи во оваа зграда сè е прилагодено на велосипедистите. Лифтовите се поголеми, вратите пошироки, а на секое место постои простор за оставање на велосипедот. Сите холови во зградата се направени во натур-бетон, така што на нив да не остануваат траги од гумите.

Зградата со седум ката е проект на бирото Hauschild + Siegel, кои становите комплетно ги прилагодиле на љубителите на точаци. Ходниците се широки за да може во нив го внесете велосипедот, а тука е и балконот каде можете да го заклучите вашиот велосипед доколку не сакате да го чувате во внатрешноста на станот.

Благодарение на балконите од едната страна и терасите од другата, овозможена е добра вентилација на становите. Зградата всушност воопшто нема централен хол, туку од станот веднаш излегувате во отворен простор. Студот не е никаков проблем, посебно во Шведска, каде граѓаните возат велосипед и во зимскиот период.

Во понуда се и станови со 2, 3 или 4 соби за повеќечлени семејства кои може да се организираат воопшто да не им треба автомобил.

 

Malmö is Building a 7-Story Bicycle House/Hotel that Accomodates Cargo Bikes! from STREETFILMS on Vimeo.

Извор: supermodulor.mk

ОкоБоли главаВицФото