Конкурс за фотографија и видео „Ќе гласам затоа што...“

03.11.2016 23:01
Конкурс за фотографија и видео „Ќе гласам затоа што...“

Конкурс за фотографија и видео „Ќе гласам затоа што...
Велат „Младите се идинината“. Ако сакаме да бидеме иднина треба да ја креираме, а еден од начините да го направиме тоа е преку користење на нашето граѓанско право на глас. Младинската кампања „Избери што сакаш!“ ги повикува сите млади кои живеат во и надвор од Македонија да учествуваат во конкурс за фотографии и видеа преку кој ќе ја ослободат својата креативност и на свој начин ќе му кажат на општеството зошто ќе гласаат на претстојните избори.
Слободата ни е најмила па затоа, учесниците на конкурсот имаат целосна слобода да изберат своја перспектива на она што сакаат да го направат во општеството со својот глас, било да станува збор за конкретно решавање на некој проблем или најширока визија за тоа како би сакале општеството да изгледа. Покажете ја вашата општествена одговорност кон сопствената земја и вашата замисла за перспективна иднина.
На повикот право на учество имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија. Авторите на најдоброто видео и најдобрата фотографија ќе бидат наградени со таблет Samsung Galaxy Tab S2 T713B. Вашите фотографии и видеа можете да ги испраќате директно на е-пошта или со испраќање на соодветен линк за преземање на истите на адресата izberistosakas@gmail.com најдоцна до 10.11.2016 (заклучно со полноќ). При пријавувањето на Вашето решение наведете ги Вашето име и презиме и/или псевдоним, контакт телефонот, е-мејл адресата и насловот на делото.
Официјалното гласање за најдобри решенија ќе го прави јавноста преку Фејсбук страницата www.fb.com/izberistosakas. Решенијата со најголем број „лајкови“ ќе се сметаат за победници.
Секој обид за злоупотреба на гласањето ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот. Гласањето ќе биде отворено од 11 до 14 ноември 2016. Фаворизирање или критикување на која било политичка партија не е дозволено, а ваквите дела ќе бидат отстранети од конкуренција. Пријавените решенија не може да содржат дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност. Оние решенија кои ќе содржат дискриминација нема да бидат земени предвид. Ширењето говор на омраза и нетрпеливост не е дозволено. Технички услови: За фотографии:
• На конкурсот за најдобра фотографија секој автор може да пријави најмногу 3 предлози.
• Решенијата треба да бидат испратени во JPEG формат и резолуција не помала од 400 px во ширина или висина, а по можност поголема. Решенијата не треба да бидат поголеми од 10MB.
• Дозволени се и техники на доработка на фотографиите како фотоманипулации, елементи на графички дизајн, типографија, цртежи и други техники.
За видеа:
• На конкурсот за најдобар краток видеоклип секој автор смее да пријави најмногу 3 предлози.
• Видеото не смее да надминува 120 секунди и треба да биде испратено во еден од следните формати: .mpeg4, .avi, .wmv, .flv или .swf.
• Видеата можат да бидат снимени со какви било технички апарати (мобилен телефон, фотоапарат, видеокамера) или изработени во соодветна програма за компјутерска анимација.
Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување на делата, а авторите на наградените дела се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите права на користење на делата. Во пријавата авторите треба да наведат дали сакаат нивното дело да се користи со наведување на нивниот име и презиме или псевдоним. Личните податоци на пријавените кандидати остануваат познати само на организаторот на конкурсот и истите нема да бидат објавени без дозвола од авторот.

 

 

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност
Графички Дизајн / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото