Пораката е: крвопролевање наместо мирен трансфер на власта!

06.03.2017 12:02
Пораката е: крвопролевање наместо мирен трансфер на власта!

Не ѝ е првпат на онаа сива и поднадуена Празнина, што парадоксално го зафаќа просторот наменет за Претседателот на Републиката, да го прекрши Уставот, но овој пат тоа го направи на начин што ги разниша самите темели на државата и директно цели да предизвика масивен меѓуетнички судир и граѓанска војна. Ова е тешко кривично дело против државата и во Кривичниот законик е дефинирано како велепредавство што го врши оној „што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи...“ Недавањето мандат за составување влада на „кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“ (чл.90 од Уставот) е секако кривично дело изведено со сила или сериозна закана, зашто извршителот е на чело на државата што гпоседува законски монопол за употреба на сила и, да, делото претставува обид за суспендирање на Собранието и соборување на уставниот поредок.

И, ете го повторно парадоксот на внатрешната окупација на државата: да постоеја институции во Македонија, овој криминалец ќе беше уапсен поради обид за државен удар, велепредавство и предизвикување меѓуетнички судир. Но, не постои ниту една институција што функционира во аветски празната Република, па Сивото Поднадуено Ништо е сосем безбедно во своите злодејства... Што да се прави, ќе прашате, почитувани читатели?

Одговорот може да се најде во старата поговорка која гласи: „На ќенеф камен не се фрла“. За младите што не знаат за каков ќенеф се мисли во поговорката, да појаснам дека е тоа најстарата инсталација на нужник што се лоцирал подалеку од куќите и претставувал практично полуотворена јама во која луѓето вршеле нужда. Елем, ако фрлите камен на ќенеф, тој ќе ве попрска со својата полутечна содржина, а овој „возвратен удар“ ќе биде проследен и со вистинска ерупција од смрдеа од гомнените длабочини на јамата. Од друга страна, поговорката има уште две умни пораки: едната се однесува на каменот како историски најмоќното и најстаро човеково оружје, она со кое малиот Давид го победи грамадниот Голијат, што ќе рече - не е ред митолошката симболика на каменот да се погани фрлајќи го на недостојна цел. А, другата порака е дека ќенефот никогаш не е вистинскиот непријател, туку е само празно место, дупка во просторот исполнета со човечки измет и смрдеа, па вообичаено се затрупува со земја, а каменот се чува за сериозниот непријател, за човекот што стои зад таа јама полна со гомна.

Јасно ви е, почитувани читатели, дека сите три поуки од нашата „ќенефска“ поговорка се директно применливи како обрасци за едно мудро и морално исправно политичко однесување кон појавата на Ќенефот од Долно Водно - една политичка јама, ископана во кафено-жолтеникавата водњанска песоклива глиница, и потем исполнета со човечки измет. Првата зборува за конзистенцијата на содржината на претседателската јама: таа е содржинско Ништо само додека мирува и остава да ѝ се засуши површината. Но, на секое нејзино протресување од неа прскат гејзири одвратна морална и интелектуална смрдеа. Потоа, јасно е дека не е добро да се троши политичката енергија на граѓанското општество и на политичките елити на едно празно место што Груевски го полни со својот измет секогаш кога има потреба. И, на крајот, ќенефот не е вистинскиот непријател, туку е тоа неговиот газда што го користи кога има нужда. А, овој пат Груевски има навистина многу голема нужда!

Воден од старите „ќенефски“ поуки, мислам дека е погрешно да се трошат времето и позитивните политички енергии на убедување на Ќеневот од Долно Водно да си ја повлече неуставната и правно ништовна одлука, сметајќи дека тоа еднаш на меѓународната заедница ѝ успеало. Конечно, ниту во случајот со повлекувањето на криминалната аболиција – како, впрочем, и самата аболиција – тоа не беа одлуки на Ќенефот од претседателската палата, туку на неговиот демиург Груевски. Но, овој пат Груевски се наоѓа во сосем друга ситуација: тогаш можеше да попушти и да го врати привидот за „правната држава“ под неговиот фашистички режим, зашто пред него беа изборите за коишто беше убеден дека – како и секогаш – успешно ќе ги лажира. Денес, тој е исправен пред несопирливата волја на собраниското мнозинство - последната фаза од неговото деложирање од законодавната и извршната власт, а тоа е нешто што криминалните фашистички хунти никогаш не го дозволуваат без насилство и крвопролевање. Така што, Груевски беше тој што од фекалните длабочини на Ќенефот од Долно Водно им соопшти на граѓаните на Македонија дека власта и украденото има намера да ги задржи со конвертирање на политичко-криминалната криза во меѓуетничка и дека целта на овој криминален обид е одговорноста на ВМРО за партиско-државниот криминал да „исчезне“ во метежот на предизвиканата крвава меѓуетничка граѓанска војна.

Пораката е, значи: крвопролевање наместо мирен трансфер на власта! Но, нема да им успее, зашто Македонија несопирливо се ослободува од своите фашисти. Ќенефот од Долно Водно треба ладнокрвно да се остави да се дави во сопствената содржина, а фекалната јама внимателно да се заобиколува. За тоа време, собраниското мнозинство треба да ја преземе својата уставна одговорност да го свика Собранието, да ја избере Владата на националниот спас и да ги донесе законите и одлуките со кои ќе се демонтира и отстрани Фашистичкото Зло на ВМРО од македонската држава.

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото