Баобаб

14.03.2017 16:40

Сето село го опколува не може да го опколи.
Дрво на животот. Храм на мртвите. Баобаб.
Сето село го опколува не може да го опколи.
Огромно стебло. Куси гранки. Смирена молитва за дожд.
А дождовите ги нема.

Само една жена во модро, една црна жена во модро
застаната спроти стеблото
ги знае сите магии на дождот,
а никому не ги кажува.

Сонцето паѓа во утробата на земјата.
Земјата е сонце, сонцето е земја, сè ќе изгори од жед.
Само баобабот огромен им пркоси на горештините
смирен во молитва за дожд.
А дождовите ги нема

Чиниш сега ќе се струполи, сушата во последниот дамар му чука
Но наеднаш тој се исправа,
од корен се стресува,
Магијата на жената во модро против природата го разбеснува
Од своите сокови почнува да смука
и додека погледот му се разбиструва
разлистува, разлистува...

Зелен плач и молитва за дожд.
А дождовите ги нема.

Сето село го опколува не може да го опколи.
Дрво на животот. Храм на мртвите. Татковина.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото