Намерно се палат шумите во липковско, горат два пожари

03.04.2017 02:35
Намерно се палат шумите во липковско, горат два пожари

Два големи пожари беснеат во реонот на планината Карадак во липковските села Белановце, Отља и Стрима. Според директорот на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Куманово, Саит Ваити, гори голема површина шума, сува трева и грмушки во пограничниот реон со Косово и Србија. Едниот пожар избувнал синоќа, а вториот денеска околу пладне. Не се изгаснати ниту ставени под контрола затоа што се зафатени непристапни планински терени.

„Не може да се интервенира со возила на противпожарна единица, туку само рачно. Денеска во Белановце беа 40 вработени, гасневме со напртњачи и лопати, но тешко оди. Гаснењето ќе го продолжиме утре сабајле, но екипите мора да се поделат на двата пожари. Ако не добиеме засилување тешко ќе се справиме сами“, вели Саити.

Тој вели дека пожарот во Белановце се проширил од територијата на Србија и Косово, додека во Отља и Стрима се сомнева дека намерно е подметнат. Случајот е пријавен во полицијата и ЦУК, и се очекува утре да се преземат потребните мерки. Пожарот во Стрима има опасност да се прошири кон куќите.

Пожарите можат да видат со голо око од Куманово, а голем облак црн чад се издига над планината. Покрај во липковско, голем пожар бесне и на Скопска Црна Гора на границата со кумановско.

Извор: Сакам да кажам, 2.04.2017

Слични содржини

Јавни Простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото