Реакции по монструозната манипулација на гинекологот од Скопје

21.04.2017 13:48
Реакции по монструозната манипулација на гинекологот од Скопје

По откривањето на случајот на гинекологот Н. Дамчевски, вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, кој цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена, иако во нејзиниот стомак немало бебе, медиумите и социјалните мрежи вријат од коментари. Пренесуваме дел од нив.


Менче Атанасова Точи:

Жената која нејзиниот гинеколог цели девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, не е единствена. Веднаш по објавувањето на сторијата на НОВА, во редакцијата се јавија десетина жени кои раскажаа слични искуства со гинекологот против кој е поднесена тужба. Некои од нив застанаа со име и презиме зад своите изјави, други сакаа да бидат објавени со нивните иницијали.

Своето искуство со гинекологот го сподели Л.К од Скопје. Таа вели дека штом го видела текстот на НОВА знаела за кој лекар се работи.

„Истото ми се случи и мене со гинекологот Никола Дамчевски додека работеше во една приватна болница. И мене ми соопшти дека сум бремена, иако бев сигурна дека не сум бидејќи пред да ми направи ЕХО направив тест за бременост. Знаејќи колку желно чекаме бебе, излезе во ходникот и гордо му соопшти на мојот сопруг дека ќе стане татко, дури го викна да го види бебето на ЕХО. Мојот сопруг полета од радост, а јас пред лекарот му реков да не се радува непотребно бидејќи јас знам дека не сум бремена.

Му реков на гинекологот дека ме боли стомакот бидејќи очекувам месечен циклус. Тој ме убедуваше дека стомакот ме боли заради тоа што сум бремена. Јас му се јавив утредента да му кажам дека добив месечен циклус, а лекарот упорно ме убедуваше да ми направи Ин витро, тој лично. Јас повеќе не сакав да го видам. Да си играш со нечии чувства е многу болно“, раскажа Л.К. од Скопје.

Серија жени жртви на истиот гинеколог



Менче Атанасова Точи:

Гинекологот Никола Дамчевски на сопружници од Кавадарци им ветувал дека може да направи да добијат машко бебе и за тоа им земал 5000 евра без да им даде фискална сметка. Тој успеал два месеца да ја лаже Јасмина дека е бремена при што и давал непотребни лекарства иако жената веќе имала две деца и можела да забремени по природен пат.

Ново сведоштво: Ми гарантираше дека ќе направи да родам машко бебе


Биљана Илиќ:

Жртвата била доведена во ситуација да се сомнева во сопствената логика затоа што повеќе ѝ верувала на институцијата Лекар. А на лекар се оди на мака и зломака, за да се побара помош и спас. Тоа е место каде ги откриваме своите најинтимни надежи и стравови, каде ги разголуваме и душата и телото. Тоа е некој кој избира и одлучува што е најдобро за нас и за нашиот живот без да „донесе непријатности понатаму во животот“ (како што смета лекарот дека постапил) и кој ја зема во раце нашата судбина.

Гинекологот вели дека „не дошло до губење на орган“. А што ако некој навистина ви извади здрав орган или здрав заб? Како ќе откриете и како ќе докажете дека сте биле нечија квота? Тешко.

Затоа, одењето на лекар е однос заснован на најголема доверба, која не би требало свесно да се злоупотреби.

Браво за храброста и одлучноста на жената која го разголи своето болно искуство пред јавноста и која свесно и дополнително се изложи на малограѓанскиот менталитет кој веднаш ја осуди и со тоа повторно ја направи жртва.

Овој пример, за жал, покажа дека жртвите во општеството не секогаш наидуваат на разбирање и поддршка, туку напротив, повторно стануваат жртви, овој пат на средината која ја граба секоја можност јавно да линчува и да се исмева, не наслутувајќи при тоа дека и самата е жртва на сопственото незнаење. Со жртвата се сочувствува. Треба да ѝ се помогне да го преброди тешкиот период и да го избегне самоповредувањето и самообвинувањето поради одлучноста да проговори за „јавните тајни“, кои нѐ засегаат сите.

Не добивте бебе ама бидете среќни што сте живи!?


Ф
ејсбук страница „Оставка на Никола Тодоров“:
Тодоров? Како е?


Мирко Гавриловски:

Или шо би рекла Горде: У гинекологија ќе речат дека не е трудна, ти ќе речеш дека е.

 

Тања Калевска:

И Менгеле вака си ги оправдувал постапките! Пресумпција на невиност, молим ти се, скотови!!! Све тоа на бесилка!!!

 

Сашо Кокалонов:

Па можел да оди до крај гинекологов: да ѝ шибне целосна анестезија, да ѝ направи царски рез и кога ќе се разбуди да ѝ даде кукла место бебе и да ѝ рече априлили, чисто онака, ради експеримент, да види како ќе реагира... Блесава работа.

 

Лина Симон:

Во студио на тв 24, секогаш инспиративниот психијатар Мице Дудучки и еден педијатар. Сите гинеколози што ги контактирал новинарот, одбиле учество во емисијата. Некаква си негативна одвратна солидарност со колегата, наспроти никаквата со жртвата, кај многумина. Многу ми е гадно и ве пцујам.

 

Мице Дудучки:

Се работи за лажна солидарност, секој мора да поседува лична одговорност за она што го сторил. SALUS AEGROTI SUPREMA LEX. Здравјето е нешто највредно за човековото битие и треба да е на пиедесталот и на пациентите и на нас лекарите.

 

Вики Зафир:

Значи, луѓево полудеа...Нема кој да затвара и казнува па свашта им паѓа на памет на психопатите...идиотот уште мисли дека не наштетил? А бе во лудница по итна постапка.

Станислава Станче:

Читам монструмот уште работи на Клиника,постои нешто што се вика суспендирање до завршување на постапката. Дамчевски под итно треа да се упати на психјатриски преглед. Простаклукот и „фраерите“ кои по коментари се нудат за правење деца, а чии сопруги биле пациентки на овој монструм, додека пишуваат на фб, нека си размислат малку...

 

Жанета Трајковска:

За сите вас што ја обвинувате жртвата и што мислите дека не може никому, а посебно вас да ви се случи да сте изманипулирани. И да, ова се случува во овој век, кога сите сме најпаметни на свет и полни со сакразам и лошотилок.
Следно е да ги оправдаме крадците, силувачите и корумпираните политичари, оти ние сме имале заштеда дома, или сме биле облечени предизвикувачки или пак, сме ги изгласале на избори?! Така ни е, нели?! Сме заслужиле?! Што општество ќе бевме?!

 

Денис Јанкуловски:

Ви кажуваат дека Доктор лажел пациентка дека е трудна. А Вие? Одма напад на жената, одма и го мерите АјКју-то, одма знаете дека е од некое село симната, одма знаете дека толку ли не приметила, одма и препорачувате да гледа малце филмови, одма ја наоѓате нејзе виновна.

Сите Вие што ја напаѓате женава, сите имате очигледно извитоперени ставови и размислувања. Сите Вие исти сте во бременост? Сите сте исти во се? Всушност, овде не се работи за жената.

Прашањата кои треба да ги поставите се зошто Доктор лажел? Зошто лажел некој кој положил Хипократова заклетва? А можеби и најзначајното прашање е
Зошто уште првиот нареден ден откако е откриено ова Лекарската комора не му ја земала лиценцата за работа?

 

Мики Милковски

На ГАК лапаат невидена пара мито. Мислам дека ако се направи вистинска истрага таму нема да работи ниту еден гинеколог. Дерат. Ама така треба за овој народ што молчи. Секоја чест за храбрите кои ги објавија овие случаи.

Бранко Тричковски:

Во основа ова е истата монструозност што единаесет години врз Македонија ја прават надрилекарите од вмро-дпмне на чело со примариусот Груевски. И тие цело време и викаа на Македонија дека е трудна, дека носи прекрасно машко бебе, дека ја чека голема радост, единаесет години ја клукаа со хормонална терапија, и го мереа грлото на матката, и покажуваа ехо снимки со убаво развиениот плод итн., за да сега, после толку време, се мислат како да и кажат дека плодот е мртов или дека воопшто не бил зачнат и дека може да се случи и таа да умре! Плус, тука им се Јово и Марко да кажат дека кај што нема мртов плод нема живо дело!


Жарко Трајаноски:

Што се 9 месеци? 11 години ја лажат Македонија дека е бремена и дека ќе се прероди.

Слики: Kaye Blegvad

Слични содржини

Општество / Живот
Општество / Живот / Култура
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Живот
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја

ОкоБоли главаВицФото