1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 02:59
Поминаа две години од 5 мај, денот кога опозицијата ја објави „бомбата“ за убиството на Мартин Нешкоски, која предизвика силен револт кај граѓаните на Македонија.
Масовните протести пред владата набрзо ескалираа, а се памети и жестоката акција на полицијата која употреби прекумерна сила, вклучително и кон ненасилни демонстранти, луѓе кои не пружаа отпор ниту бегаа... Кулминација на полициското насилство беше упадот во читалната на градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Со неколку видео снимки, потсетуваме на настаните од пред две години.