Домаќинизам

11.05.2017 00:47
Домаќинизам

- Го оставила тестото да нарасне и го заборавила!
- Идиотизам!
- И згора на тоа се вади дека само отишла да докупи јајца!
- Непрофесионализам!
- А рецептот го наследила од мајка ѝ!
- Аматеризам!
- А потоа, кога веќе почна да претекува од прозорците и балконите по нашите саксии и пружени алишта, секако дека викнавме полиција!
- Вандализам!
- Бар да имала доблест да нè консултира нас, како искусни домаќинки!
- Сепаратизам!
- Не, таа преферира да се дружи само со онаа од карши!
- Иредентизам!
- И никако не ставала масло од сончоглед, туку само маслиново!
- Пуризам!
- И избегнувала да става капка рум, така како што ја советував!
- Прохибиционизам!
- Да ја видам сега како ќе ја исчисти зградава или планира да го пече тестото сосе нас?
- Канибализам!
- Ене ја, ќути, иде!
- Опортунизам!

Слики: Kestutis Kasparavicius

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото