Изгубени чорапи

26.09.2017 11:46
Изгубени чорапи

Колку е прекрасно што чорапите постојат во пар! Но уште попрекрасно е кога едниот од нив мистериозно ќе се изгуби после петнаесеттото перење. Едно време оној осамениот го оставаш во фиоката со надеж дека другиот ќе се појави при наредното перење, или наредното, или наредното. Кога конечно босоног одиш до кантата и го фрлиш тој што како исплазен јазик долго време ти се мотка низ уредно направените клопчиња, ти мислиш дека конечно се ослободуваш од доказот за една тивка, но очигледна космичка неправда. Ама сигурно не знаеш дека тие потоа кришум се среќаваат и ја прославуваат до доцна во ноќта победата над Смрдливата нога.

Слики: Вил Балас

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото