Јавна дебата – „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“

22.05.2017 11:49
Јавна дебата – „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“

Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) заедно со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, со задоволство Ве покануваат да присуствувате на втората од серијата „Europe Talks“ дебати во 2017 година, насловена „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“. Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник), во просториите на МКЦ (Клуб и Ресторан), Скопје, со почеток на дебатата во 14 часот.

На темата ќе говорат:

-Н.Е. г-ѓа Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка – Германската амбасада во Македонија;
-Г-ѓа Беса Арифи, професорка – Југоисточен европски универзитет;
-Г-ѓа Дона Костуранова, извршна директорка – Младински образовен форум;
-Г-ѓа Светлана Силјаноска, генерален секретар – ЏЕФ Македонија;
-Г-ѓа Тања Хафнер Адеми, експерт за развој на граѓанското општество;
-Г-дин Блажен Малески, претседател – Национален младински совет на Македонија;
-Г-дин Бојан Маричиќ, извршен директор – Евротинк: Центар за европски стратегии;
-Г-дин Нано Ружин, поранешен Амбасадор на Република Македонија при НАТО, Ректор при ФОН Универзитет; и
-Г-дин Никола Димитров, поранешен Заменик министер за надворешни работи и Амбасадор на Македонија во САД и Холандија.

Панелистите ќе ги аргументираат своите тези преку интерактивна дискусија за тоа до каде е Македонија на патот кон ЕУ; притисокот кој го има политичката криза врз ЕУ интеграцијата; политички настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од ЕУ; влијанието на овие настани врз развојот на демократското општество и прифаќањето на европските вредности; посветеноста на европските претставници на решавањето на кризата. Ова се само дел од прашањата за кои ќе се дискутира на оваа дебата.

Работните јазици на дебатата се албански, англиски и македонски јазик.

По дебатата, ќе се одржи мини изложба и коктел-забава за прослава на 26-от роденден на ЏЕФ Македонија.

Оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на дебатата, можат да ја следат преку видео стриминг на линкот кој на денот на дебатата ќе биде објавен на фејсбук страницата на ЏЕФ Македонија.