Сите муслимански пратеници во Бундестагот го поддржале воведувањето брачна еднаквост

03.07.2017 22:17
Сите муслимански пратеници во Бундестагот го поддржале воведувањето брачна еднаквост

Луѓе пред Бранденбуршката порта во Берлин ја прославуваат одлуката на германскиот парламент да го легализира истополовиот брак. Стотици геј активисти, некои со обоени лица, славеа по гласањето пред Бундестагот, веејќи виножитни знамиња и плакати на кои пишуваше „Брак за сите - направете ја љубовта за сите“. (Фото: Fabrizio Bensch/Reuters)

 

Минатиот петок (30 јуни), германскиот Бундестаг, долниот дом на парламентот, гласаше по предлогот да го отвори бракот за истополовите двојки, со 393 гласови „за“ наспроти 226 „против“, и 4 воздржани. Германскиот Бундесрат, односно горниот дом на парламентот, се очекува да го стори истото неделава.

Во тие 393 гласови за поддршка на брачната еднаквост се вбројуваат и сите шест членови на парламентот кои се муслимани – 4 од Зелената партија, 1 од Социјалдемократската партија и 1 од Христијанско-демократската унија.

Тие за весникот Die Welt потврдија дека се идентификуваат како муслимани.

Извор: www.queer.mk