1024 hPa
71 %
9 °C
Скопје - Пет, 12.12.2025 17:38

Германија со гласање во Бундестагот ја легализираше брачната еднаквост, и стана 23-та земја во светот која го има сторено тоа, овозможувајќи им на истополовите двојки да стапуваат во брак и здружено да посвојуваат деца.
За гласаа 393 пратеници, против беа 226, 4 гласаа воздржано, а 7 беа отсутни.
Според една неодамнешна анкета, 75% од Германците сметаат дека истополовите двојки треба да уживаат еднакви права како различнополовите двојки.
И Ангела Меркел го промени нејзиниот досегашен став по ова прашање.
Досега истополовите двојки можеа да склучуваат регистрирани граѓански партнерства, а отсега можат да стапуваат во брак и да посвојуваат деца.
Извор: www.queer.mk