Именуван првиот геј премиер на Ирска, откако беше избран за лидер на партијата Фине Гејл

06.06.2017 08:33
Именуван првиот геј премиер на Ирска, откако беше избран за лидер на партијата Фине Гејл

Се случи и тоа. Ирска го доби првиот геј премиер во историјата на земјата.

И покрај силното влијание на католичките вредности, Ирска има постигнато огромен напредок во поглед на ЛГБТ+ правата изминатите неколку години.

Во 2015 година, на референдум беше воведена брачна еднаквост, а исто така беа донесени прогресивни закони за признавање на родовиот идентитет.

Уште еден напредок беше направен на 2 јуни, со изборот на Лео Варадкар за иден премиер на Ирска – четврти по ред ред светски лидер кој е јавно деклариран хомосексуалец во модерната историја на светот. Варадкар беше избран за нов лидер на партијата Фине Гејл, заменувајќи ја Енда Кени, која го најави нејзиното заминување годинава, по 15 години во партијата.

Политичарот, кој претходно ја извршуваше функцијата министер за социјална заштита, го победи неговиот ривал Сајмон Ковени со 60% од гласовите на изборниот колеџ. Во моментот, покрај Варадкар, има само уште еден геј лидер на функција, а станува збор за Ксавие Бетел, премиерот на Луксембург.

Во победничкиот говор, тој се осврна на неверојатното патешествие на земјата, изјавувајќи: „Ако мојот избор покажа нешто, тоа е дека предрасудите повеќе не држат место во оваа република“. Тој додаде дека неговиот татко – индиски имигрант – би бил горд што неговиот син „го судат според делата, а не според неговото потекло или идентитет“.

„Пријатели, денес сум почестен да бидам избран за лидер на партијата. Со понизност ја прифаќам позицијата и исто така сум свесен за предизвиците пред нас. Сакам да им се заблагодарам на сите што зедоа учество во демократскиот процес. Вие кои ме поддржавте, од срце ви благодарам, нема да ве изневерам. Оние кои не ме поддржавте, се надевам дека ќе ја придобијам вашата доверба во годините што следат“, порача Варадкар.

Извор: www.queer.mk

ОкоБоли главаВицФото