Германија им дозволи на хомосексуалците да посвојуваат деца

20.02.2013 09:50
Германија им дозволи на хомосексуалците да посвојуваат деца

Уставниот суд во Карлсруе во вторник им одобри на хомосексуалците во Германија да го посвојат детето или децата кои веќе ги посвоил нивниот партнер. Сепак, и понатаму е нелегално хомосексуалните парови да посвојат дете.

Судиите пресудија дека законот кој им забранува на хомосексуалците да го посвојат детето на својот партнер или партнерка е противуставен, додека на хетеросексуалните парови истото им е дозволено.

Судот во Карлсруе ги отфрли критиките на Германското здружение на семејства (DFV) кое се плаши за развојот на децата во семејства со родители од ист пол. Сојузот на хомосексуалци и лезбејки ја поздрави пресудата во Карлсруе.

„Најпосле посвоените деца кои живеат во хомосексуални семејства имаат исти права како децата во хетеросексуалните семејства“, се наведува во соопштението во кое се повикува Ангела Меркел да оди и понатаму.

Во Германија не постои хомосексуален брак, бидејќи за тоа е потребна промена на Темелниот закон од 1949 година кој служи како устав на оваа земја. Од 2001 година постои режимот „договор за животна заедница“, кој им овозможува на хомосексуалните парови да ја официјализираат и озаконат својата врска. Законот им дава слични права како на брачните парови, освен правото на посвојување деца и права во финасискиот домен.

Извор: Радио Слободна Европа

ОкоБоли главаВицФото