Античка орда лопови

06.07.2017 16:29
Античка орда лопови

Туба

Груевци измислиле автопат
без клучки, како туба на аквапарк:
влегуваш во Кичево
и излегуваш на другиот крај
во Охрид! Или кај било :)


Интернет на стадион

Само Груевци можат
да прекрстат Стадион
во Телеком Арена
а да нема интернет
на стадионот.


Античка орда лопови

Немало интернет
и вециња и телевизори?!
Па зашто се вика
Арена Филип Втори?!
Антички стадион
според антички стандарди
граден од античка орда лопови!

100 миљона лупнавме
а тек сега треба да го кречиме
и тоа пусти Крсто
за 10 евра за квадрат,
жена му со цицките
да не го мачка за тие пари?!

Македонски лицемерлук

Вистински Македонец
честита Рамазан Бајрам на фб
а потоа
цела година
иде на протести
и се дере
ЗА ШИПТАРИ ГАСНА КОМОРА!


Албанофобија

Албанофобијата
ти извира
од целото твое битие,
како да ти украле
прва љубов
качачки банди
со голф кец
кабриолет.


Имајте разбирање за монасите и глисерите и мерцедесите

Монасите и владиците
се жртва
на една глупа идеја наречена религија
која му текнала на некоја будала
пред 2000 години
и сега си тера тоа така по инерција,
се тркала
и најголем стап го јадат
самите монаси
кои се најголеми жртви на оваа заблуда,
затворени тамо по пештери
и по вукојебини цел живот,
тоа е невидена греота за тие
сироти луѓе...


Амбасадориве...

Ова амбасадорите
како нагрнаа
во владата и министерствата
како земјава да се ослободила
од отоманците,
фашистите,
викинзите
и хуните
наеднаш!!!


Да плукаш по Катица Јанева...

Да плукаш по Катица Јанева периодов
е исто како да го бркаш Дедо Мраз
со стап и со пушка кога ќе ти дојде
со елените на гости.


СК014 е кич спортска кола купена за фамилија која живее на село и ѝ треба трактор

Треба да разбереме:
СК014 е кич спортска кола
купена за фамилија која живее на село
и ѝ треба трактор.
Кога веќе не може да се продаде
и со парите да се купи трактор
глупо е колата да се фрли.
Ќе си ја возиме до град
кога ќе одиме да однесеме
пипер, кромид, компири, млеко и јајца
на пазар.

Зошто има слики со овошје во чинија а нема слики со крофни или сланина во чинија?

Зошто има слики со овошје во чинија
а нема слики со крофни или сланина
во чинија?

Затоа што никој не јаде овошје од чинија!
Можеш да ја оставиш со денови и недели...
Но другото ќе исчезне додека да се свртиш.


Одисеја 1997

Кои лудаци се овие
од НАСА и ЕСА
во 1997 лансирале
вселенско летало
кое веќе 20 години
се шуња
по тоа сончевиот систем,
веќе 13 години
се врти околу Сатурн
и слика
снима
збира камења...
Ц ц ц
овие хај фај филмовите
и не се толку забегани,
сепак.


Античко срање

Абе ало народе,
нема бог нема Исус!
Сè е тоа невидена глупост,
кој ви е бре курац?!
Алоо 2016-та е,
кој верува уште
во ова античко срање!?

Слики: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото