Овци глупи до неподносливост

11.08.2017 16:02
Овци глупи до неподносливост

Со Антоњо Милошоски се гледаме на семафор

Со Антоњо Милошоски се гледаме
на семафор на Партизанска
еден до друг.
Он у џип вранглер од 50000 €
ја у пунто на баба ми од 500 €.
Сакав да му отворам прозор
и да го прашам вредеше ли
сето зло што ни го направи овие 10 години?
Но го баталив.
Појачав тоа радивцето
и си продужив кај сум тргнал.
Пичка ли му материна мафијашка ненормална
доволно потрошивме од нашите животи за овие копилиња!


Геро ќе се самозапали

Кадровскиот молк на Геро
може лесно да се тестира.
Не дај боже Заев да ме назначи
- мене, Саше Политико -
за некаква функција.
Геро има да се запали
со туба бензин
и ќе трча кругови
околу владата!

Слобода и Промаја

Еве што се добива
кога ќе ѝ дадеш
емисија на певаљка
со пластични цицки:
Брадест вунест бајкер
еден саат го дрви
за светска геополитика
и воена стратегија
на национална телевизија!

Ленин многу ја сакал слободата,
таа му било во неговата ДНК.
Затоа 10 години се влечеше по Путин
и го помагаше Грујота.
Јбг, тоа е.
Промајата на моторот
се одразува на
мозочните вијуги!


Муви Меџик

Владата им даваше
дебели пари на агенциите
Томато и Република
кои снимаа луди спотови
за државни празници,
а потоа за без пари
ги правеа политичките спотови
на ВМРО ДПМНЕ.
И така 10 години.

Да се потсетиме
за дел од злоделата,
иде Втори август,
го гледам тоа спотчето
на новата влада
за празникот,
ко да го праеле Зоки и Роберт
сами на компјутер
у Муви Меџик.


„Многу ти е добар Доказ.м“

Доаѓа келнер пред некој ден,
ми го носи пивото и вика:
- Еј многу ти е добар Доказ.м порталот,
свака ти част, секој ден си го читам.
- Ништо, уживај! - му викам,
пошто човекот технички е у право.

Бугарите си живеат живот европски

Си живеат живот европски,
си шетаат пудлици и булдози:
во текот на еден ден видовме едно 10 000 кучиња
што на плоштад, што по парковите,
што на главната улица Витоша.
Во Скопје за цела година
не сум видел толку пудлици и булдози
колку што видов за еден ден во Софија.
Тоа значи дека браќата Бугари добро се опариле:
за да чуваш такво куче
ти требаат по 500 денари дневно за
храна, време, ветеринари, разни играчки, огрлици
и триста други курци палци.


Не сум знаел дека УКИМ е толкаво албанофобско дувло

Бреее не сум знаел дека УКИМ е толкаво албанофобско дувло,
бре бре бре, од кожа излегоа,
се прескнаа за двојазичноста,
пичка ли им материна сталинистичка!
Место тие нас да не образоваат и воздигаат
они крекаат како Орце Стефковски од Мралино.


Овци глупи до неподносливост

Шпанска мечка уби над 200 овци
на границата со Франција, во Пиринеите.
Начекала стадо овци на некој француски селанец
од другата страна на границата,
почнала да ги брка и овците, како што ги дал господ,
глупи до неподносливост, сите заедно
во стадо се фрлиле од карпа висока 200 метра!


Слики: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото