Причини

17.07.2017 09:31

Западите на сонцето, генерациите луѓе.
Деновите, а ниту еден од нив прв.
Свежата вода во младото грло
На Адам. Рајот уреден и блескав.
Око, настојува да продре низ магла.
Збор. Хексаметар. Огледало бескрајно.
Гордоста и кулата вавилонска.
Месечината што ја гледале Калдејците.
Безбројните зрнца песок во реката Ганг.
Јаболки златни од острова далечни.
Чуанг Цу и пеперугата што го сонува.
Чекори во збиен лавиринт.
Бесконечното платно на Пенелопа.
Кружното време на стоичките мислители.
Ритуалното париче во устата на мртвиот.
Тежината на мечот измерен на вага.
Секоја капка што истекува во клепсидрата.
Легии, орли, воени свечености.
Цезар утрото пред фарсалската битка.
Сенка од крстови низ целата земја.
Шахот и алгебрата на персиските мудреци.
Пусти траги од големи преселби.
Кралства со гол меч освоени.
Немирниот компас. Отвореното море.
Отчукувањето на часовник во сеќавањето.
Кралот убиен со запален факел.
Правта непрегледна, што била војска.
Гласот на славеј во рамната Данска.
Грижливата црта на ревносниот калиграф.
Во огледало ликот на самоубиец.
Картата на страсниот играч. Златото на копнежот.
Облаците што во пустина се гледаат.
Секакви шари во калеидоскоп.
Секое каење, која било солза.
Сите овие нешта мораа да се сложат
За нашите раце заедно да се сретнат.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото