Трогателниот однос на татковците и ќерките прикажан во 10 слики

06.08.17 23:43

Да се биде татко е прекрасно чувство, без оглед дали имате девојче или момче. Меѓутоа, постои нешто посебно и уникатно кога е во прашање односот помеѓу татковците и нивните ќерки. Тешко е да се објасни таа врска.

Повеќето татковци добро знаат како изгледа да се борат со плетењето плетенки, но исто така знаеме дека времето кое татковците и ќерките го поминуваат заедно е исклучително вредно за нашите девојчиња. Истражувањата покажаа дека жените кои имале добри односи со своите татковци имаат поголема самодоверба и поуспешни се на училиште и на работа.

Украинската уметница позната под псевдонимот Soosh (37), неодамна наслика 10 трогателни илустрации кои ја опишуваат поврзаноста на таткото и ќерката. За жал, нејзиниот татко не бил со неа кога била дете и со овој потег сакала да му покаже на својот деветгодишен син дека не треба да тргне по неговиот пат.

„Сакам да пораснам и да станам добар човек, значи да се разбере што всушност значи тоа“ – изјавила таа. Постојат многу различни начини на кои татковците можат да ја покажат љубовта кон своите мали девојчиња, а оваа уметница илустрирала неколку од нив.

1. Татковците можат да направат сè, па и да прават фризури.

2. Тие се и одлични партнери за игра.

3. А, хула хоп вештините? Прекрасни се!

4. Таткото знае дека секогаш е време за чај и покрај планината со обврски која е во неговата близина.

5. Неговите куклени вештини се на нивото на оние од Бродвеј.

6. Таткото ни помага да го гледаме светот од различни агли.

7. Толку се добри што никогаш не посакуваме да си одат.

8. Татковците не прават заштитени, вредни и сакани.

9. Особено кога чудовиштата се кријат на местата каде не треба да постојат.

10. Дури и кога одат да спијат, татковците постигнуваат сè. Затоа ќе ги сакаме секогаш.

Зарем не е прекрасно да се биде татко?

Извор: http://www.eci-pec.rs

ОкоБоли главаВицФото