Први септември

03.09.2017 11:20
Први септември

64 год. Прв ден у пензија.
И шо сеа?
Да дремам ко Антикорупциска и чекам да умрам? Јок!
Се туширам, бричам, шлакам од оној модернион Питралон, HARDOX маица и WELDOX капче и верглам у оние Converse All Star шо ми ги шитна Зоки пред 2 години.
Решив да бидам Пензионер пубертетлија.
Се симнујам по скали и, нормално, ја сретнујам комшиката од петти. (А како да не ја сретнеш коа више време проведуе на скали од улаз него у стан?).

- Добро утро!
- Добро утро.
- Каде комши?
- Еве да прошетам... туку слушна за оној шо беше за трансформаторот?
- КОЈ?
Ми текнуе на Дико и Помалиот и нивниот одговор на вакво прашање па си се смеам ко улав.
- Брзам комшике... извини... ќе ти кажујам друкпут.
- Ама чекај. КОЈ?
- (Пациент)!

Ај, си викам, да тркнам до просториите на пензионерите на Чешма. До вчера за мене беше балконот на „Мапет Шоу“.
Од денес, мојот нов дом. Мирно, тишина, ко да си влегол у капела.
Тибам, овде ли ќе го поминујам слободното време? Еден, седнат у ќуш, пие кафе полузаспан. Два пара играат домино, а Мурто им е судија.
Други двајца играат шах ама више 20 мин. никој не мрднал фигура. Спијат у томови. На рати.
Решив да им внесам малку динамика у просторијата. Станујам, ко случајно му ја истурам шољата со кафе у скут на заспаниот.
- Туго, туго... лелеее! - се стрчаа сите да му помогнат.
- Кај гледаш? Виде шо напраи?
- Извинете. Не беше намерно. (Лажам, у пизду материну. Ко Груевски за бомбите.)
Додека се бавтаат со него, на оние шо играа домино им сокрив по 2 плочки, а на оние со шахот им дрпнав црн топ и бел ловец.
Го средија старчето со кафето и поново седнујат. Некако тмурно гледаат и почнуе расправија:
- Кај ми е плочката шест-три?
- А мојата два-четири? Ѓубре, ми ја украде!
Мурто судијата, у недоумица. Коа полагал, немал ваква ситуација.
- Мене ловецот ми го земал Славе додека го средуевме Милан.
Овој другиот го бара топот под масичката. Галама, у пизду материну. Шо да ти кажујам.
Така више личи!
Кај QR да идам сеа?
Одма лево кај трафиката на Чешма има еден продаа акумулатори.
Се учипујам у дуќан.
- Добар ден комши, треба нешо?
- Акумулатор за Сканија.
- Колку амперски? Волти? Марка? Овие се добри.
- Дај да го видам!
Тежок акумулаторон у пизду материну.
- Комши, да помогнам?
- Неееее, ти си муштерија, седи мирен.
Го глеам вака, акумулаторот е ок.
- А оној плавиот лево? Може да го видам?
- Како не... одма!
Го враќа првиот и го носи на маса. Се плашам да не му се уклешти килата.
- Ууууу... добар овој... колку е?
- 36.200 плус ДДВ.
- Скупо. Нешо поевтино?
- Овие рускиве се останати поодамна, 24.200.
- Дај да го видам.

Рускиов тежок ко двата претходни. Не ми праи кеиф.
- Добро комши, фала. Се глеаме.
- Нема проблем комши. Повели и другпат.
Излагам пред дуќан и си мислам: А шо qr ќе ми е на овие години да купујам Сканија?
Поново истата мисла. Кај QR да идам сеа?
Ми текнуе дека не сум земал рецепти за терапија. Сите лекои си ги купуев сам. Без рецепт. Поскупо али барем ред не чекав кај матичната.
Коа влагам, гужва до скалите на приземје. Све постаро од 70. Намуртени ко Гоца у СЈО. Глаи потпрени на раце од колена. Тишина.
- Следниоооооот! - се слуша глас.
Сите, ко по наредба дигаат глаи, насмеани, весели. Ококориле очи ко политичар на провизија.
На врата се појавуе Цуца, затегната у бело сукњиче. Цицка ко баскет. Црвена танга се скрозира. Нова сестра.
- Пизда ви материна, си викам у себе, шо не кажуете вакви работи?
На она, следниооооот никој не влага. Све сурушлии. Воајери!
Се учипујам преку ред, и види чудо, никој не се буни.
- Кај си ти Џанго, ми вика докторката.
- Еве, да зеам терапија.
- Ајде... Да измериме прво притисок?
- Неееее... нема потреба.
- ОК. Ќе ти даам рецепти за 3 месеци па како доаѓа месецот
така ќе си ги подигаш во аптека.
Ми текнуе на Цуцата од сестра и ѝ велам:
- Да не е многу 3 месеци докторке?
- Сакаш за еден месец?
Повторно ми се скенира она створењето у бело.
- А може дневно?
- Како дневно?
- Секој ден да доаѓам по рецепт.
- Ееееее, така не. А зошо дневно?
- Ако ти кажам, ќе им уништам забава на колегите.
Зиам рецепт за еден месец, влагам у сестринска соба. Бут ѕирка до препони. Некој парфем, не знам друг мирис пошо моја Дотка само Рексона користи, мириса у пизду материну. Да не ти се излезе од соба.
Сепак излагам со мислата: да застанам поново у ред?
Срамота ќе биде.
Симнувајќи се по скалите го слушам повторно она милозвучното:
- Следниоооот!
Ми иде да се вратам.
Успут треба да тркнам до аптека. Таму па, не ми се влага. Работи една караконџула. Досадна у пизду материну. Ко оној Сотир Костов.
Седнујам кај Рамбо на кафе пошо е у близина.
Му кажујам зошо не ми се иде у аптека а он, дури и радосен:
- Дај бе, ја ќе ти зеам дур го испиеш кафенцето.
- Пази, Karvedilol од црвените. Крка!
- Немај гајле.
Го нема пола саат. Се појавуе едно време, ми ги дава. Коа глеам Karvetrend, Плива.
- Рамбо бе... нели рековме Karvedilol?
- Нема проблем, напиј се едно пивце, ќе ги заменам.
Пијам пиво, Рамбо се изгуби ко оние двајцана од УБК. Бапнујам уше едно. Рамбо уше го нема. Трето ако бапнам, труп се праам. За среќа, ете го Рамбо.
- Вакви?
- Да бееее, тие... од Крка.
Станујам, а Рамбо ми вика:
- Џанго, а бе си ја видел ти новата апотекарка? Добра е у пизду материну.
Е јебига, си викам, qr шо ќе те пуштам више да ми земеш лекои.
Се стемнуе више, а дневник на Телма мора да глеам. Укључујам, и све исто. Со месеци чекам да чујам дека у притвор се стаени тој и тој, тој и тој... Курац!
Разочаран, се спремам да навадам цвеќиња и да си легнам. Вадејќи ги цвеќињата, ете ти го Пепи комшијата.
- Е Џанго беееее, пензионер од денес, а?
- Да бе... да ти бапнам едно ракииче?
- Не.
- А бе, ти кажа онаа од петти за тој со трансформаторот?
- Кој?
- (Пациент!)... прашај го Дико
- Нишо, нишо... ај да навадам цвеќињава оти се стемни.
- Еј, комши, а како со сексот... ја откоа отидов у пензија забораив... И ти ќе бидеш таков.
- Хихихи седи бе не ме знаеш. Шибам брат, шибам.
- Не заебаај!?
- Да бе!
Знам дека ќе ме проверуе со глаа наслонета на ѕид. Не се туширам пошо не е субота. Пуштам од тоа порно каналите, Private. Волуме на 8 цртки.
Пискање, врискање шо би рекол Миле, до 2 саат. Нека пукне од мука комшијата.
Јебига, ПЕНЗИОНЕР ПУБЕРТЕТЛИЈА.
А утре шо?

Слики: Доналд Софрити

ОкоБоли главаВицФото