Васја Ложкин – сликар на современото руско лудило

13.09.2017 01:16
Васја Ложкин – сликар на современото руско лудило

Васја Ложкин (роден 1976), е руски уметник, блогер и музичар со вистинско име Алексеј Владимирович Куделин. Живее и работи во малиот град Солнечногорск, во близина на Москва. Ја предводи музичката група „Васија Ложкин и некои луѓе" и е член на уметничкиот колектив „Колдовски уметници“, чиишто членови се занимаваат со уметност, филм и проза.

Во неговите слики тој го прикажува паралелниот свет - светот на психоза, лудило, екстремни форми на ментални состојби, визии и халуцинации, но повеќе како средство за општествена критика.

Главен мотив во неговите дела се слики од измислениот граг Кобилозадск (го означува кој било тегобен град во Русија). Преку овој измислен град Ложкин успешно се потсмева на современиот начин на живот на младите луѓе во невеселата руска стварност.

Имал пет самостојни изложби, главно во Москва и Санкт Петербург.

 

ОкоБоли главаВицФото