Марија Сварбова

21.09.17 16:45

Серијата „Базен“, која потекнува од 2014 година и сѐ уште не е комплетирана, е резултат на фасцинацијата на словачката фотографка Марија Сварбова од јавните базени, што во голема мера придонело за развој на нејзиниот личен визуелен стил.

Стерилната, геометриска убавина на базените ја одредува атмосферата на овие фотографии. Секоја е направена во различен базен, главно изграден во ерата на социјализмот во Словачка.

Иако објектите се постари, атмосферата на некои од нив е речиси футуристичка, а визуелниот квалитет кинематографски.

Извор: www.mariasvarbova.com

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото