1019 hPa
87 %
7 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:39
Еден од поинтересните начини да дознаете нешто повеќе за тоа каков е некој човек, што е она што го вреднува најмногу, како е организиран, е да погледнете во она што го носи со себе. Бидејќи децата најчесто не носат торби, посоодветен начин да дознаете што се случува во нивниот ум е да ја погледнете содржината на нивните џебови.
А токму тоа го направила фотографката Мелиса Кејсмен.
Во серијата фотографии „Џебни претшколски богатства“, таа ги документира разните предмети и ситници кои ги наоѓа во џебовите на својот син кога се враќа дома.
„Предметите што ги наоѓам во џебовите на син ми претставуваат едно поглавје од неговото детство, од неговата имагинација и магијата на наоѓање 'богатство'. Ми се допаѓа идејата фотографиите да бидат извештај за една детска имагинација“, вели Мелиса.
Извор: metro.co.uk