Семе на смртта

22.11.2017 02:52
Семе на смртта

Романот „Семе на смртта“ е прва книга од трилогијата на Џевад Карахасан за Омар Хајам, големиот персиски математичар, астроном и поет од XII век. Романот во позадина дава прецизна слика за драматичната епоха во која живее Хајам - распадот на арапското царство, појавата на крстоносците и Запад на историската сцена, средбите на големите култури...

„Семе на смртта“ е прва книга од трилогијата на Џевад Карахасан за Омар Хајам, големиот персиски математичар, астроном и поет од XII век. Романот во позадина дава прецизна слика за драматичната епоха во која живее Хајам - распадот на арапското царство, појавата на крстоносците и Запад на историската сцена, средбите на големите култури... Во преден план на приказната стои ликот на Омар Хајам, опкружен со низа знаменити историски личности од неговата епоха. Хајам страшно многу знае и постојано учи, но токму огромното знаење го присилува да сфати дека човек не може да стекне сигурно знаење. Наспроти него стојат неговите современици, кои фундаменталистички веруваат во нешто од кое подоцна ја црпат својата илузија на сигурност во време на големи потреси.

 

Извадок од романот можете да прочитате овде.

ОкоБоли главаВицФото