Муда како лубеници

22.11.2017 15:27
Муда како лубеници


Дунав ко ќе тргне

Козарот мисли дека ВМРО изгубило
зашто немале лавчиња на постерите.
Абе Миленко, не лавчиња,
гола да ја стаеја Боркица со шпага ражабена
- пак ќе изгубеа.
Дунав бе брат кога ќе тргне
тоа нема спас.
Кој ќе преживее ќе раскажуе.


Сеад во такси

Сеад Кочан
го почна судскиот процес
со Мерцедес С класа од 80 000е,
сега по една година си отиде од судот
со Мерцесес Е класа од 10 000е,
додека да го осудат
ќе почне со такси да иде
у суд.

Мерлин Менсон

Да го викнеш
Срѓан Керим
на ден
Ослободување на Штип
од фашизмот
е како да го викнеш
Мерлин Менсон
на миса
во Бигорски Манастир!


Лебарка со панцир

Срѓан Керим
во минатиот живот
бил лебарка
со панцир,
шлем
и смартфон!


Анален баксуз

Градоначалникот на Пробиштип
12 години бил градоначалник
а пред тоа
10 години бил директор
на државни институции.
Па да му ебам матер:
овој или е гение
или го праел Срѓан Керим
у газот на Ѕинго!

Oвчарското куче

Тезата на Лупевска
дека Зврле бил
респектабилен обвинител
само малце повеќе
ѝ служел на мафијата
ми е таква небулоза
како да кажеш дека
овчарското куче
е солидно
само има една маана
многу овци јаде.


Спилберг гомна да јаде!

На Грујо
на крај
му ебаа матер
кучињата
кои он ги ранеше
10 години
со мрсни бутови
и ги направи китови.
Која е ова
тажна хорор приказна
ццц,
Спилберг
гомна да јаде!


Полека бе колешке да му ебам мајката

За да има режим
треба прво овие министриве
да ги најдат даљинските од климите
и да се знае
кој на кој телефон треба да се бара.
Не заебаај,
режим не се прави така лесно.

Геро под Крушка

Во овој момент
Геро седи
под некоја крушка
на Матка
и млати на лап топ,
спрема колумна
во одбрана на Стојменов,
за помош чита Вујаклија,
бара зборови
во таа најтешка мисија
во неговиот живот.

Се теши,
си вика, ајде Геро,
кога го бранеше Хипо
во сред диктатура,
да за овој пичкин дим ли ќе се секираш.
Ајде Геро,
надмини се!


Муда како лубеници

Заев
е храбар човек
со големи муда
како лубеници.

Исто
како што машки
издржа напад
на 27-ми април
така и реши
да збори српски
сред Белград
пред 100 камери!

И двата потега
се граничат со лудило!

Слики: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото