Најновите фотографии на НАСА од Марс

23.11.2017 14:02
Наслов: Најновите фотографии на НАСА од Марс

Луѓето одамна ја нарекуваат планетата Марс „црвената планета“, но камерата HiRISE на НАСА донесува фотографии од Марс во различни бои од спектарот.

Во текот на десет години, HiRISЕ сними голем број прекрасни, но и научно важни фотографии од Марс.

Во продолжение, можете да погледнете мал избор од последната серија од 2054 фотографии, направени годинава во август, септември и октомври, кои на некој начин ви обезбедуваат привремено „бегство“ од Земјата.

Длабок процеп на површината на Марс

Дини со боја на рѓа

Место на кое НАСА планира да го испрати својот ровер на нуклеарна енергија на мисија во 2020 година

Црната точка е местото на кое се урналo возилото Schiaparelli Mars lander на Европската вселенска агенција, а белите точки се парчиња од него

Дини и минерали на површината на Марс

Можно место за слетување на мисијата ExoMars 2020 на Европската вселенска агенција

Дини на Северниот пол на Марс

Јаглеродниот диоксид кој се претвора од цврста во гасовита состојба ги „гравира“ овие чудни форми на Јужниот пол на Марс

Трага од удар на површината на Марс

Развеана прашина на Марс предизвикана од промената на температурата

Кратерот Cerberus Palus

Бразда на површината на Марс

Површина покриена со глечери

Стрмнини и ридови на површината на Марс

Дини покрај кратер на Марс; црвената линија е дел процесирањето на фотографијата на НАСА.

Фотографија која на научниците им помага да ги проучуваат годишните времиња на Марс

Во близина на екваторот на Марс

Teкстура на местото наречено North Sinus Meridiani

Кратер на местото Arcadia Planitia

Двобојна рапсодија на површината на Марс

 

Извор: Sci-Tech Universe