1010 hPa
45 %
27 °C
Скопје - Пет, 04.10.2024 12:59
После нешто помалку од шест месеци од мисијата, Американската вселенска агенција (НАСА) објави ноќни фотографии од Марс кои ги направи роверот Кјуриосити.
Ова се први фотографии од Марс „во мрак“ откако на почетокот на август роверот Кјуриосити слета на планетата. Според соопштението на НАСА, фотографиите се направени благодарение на ЛЕД лампите и камерата МАХЛИ која се наоѓа на два метри долгата механичка рака на роботот.
На фотографиите се гледа каменот кој научниците го нарекоа Сајунеи, кој се наоѓа во близина на местото каде што роверот наскоро би требало да почне со дупчење на површината на Марс. Карпата е осветлена со бели ЛЕД светла од камерата МАХЛИ.
„Целта на набљудувањето на објектите под ултравиолетово светло е да побараме флуоресцентни минерали“, изјави Кен Еџет од центарот за проучување на податоци во Сан Диего и додаде дека ако нешто биде зелено, жолто, портокалово или црвено под ултравиолетово светло, тоа би можело да биде јасен знак дека постојат флуоресцентни минерали на планетата.
Извор: www.b92.net