Аналитичари и водители

02.12.2017 14:51
Аналитичари и водители

Аналитичари и водители

Не ми е јасно зошто учесниците во таканаречените дебатни емисии, не формират некое Здружение на дебатерите на Македонија или некаква Лига на експертите, аналитичарите и коментаторите. Мислам, некое тело кое ќе го координира и унапредува јавниот настап на овие духовни грамади. Јас мислам дека со отсуството на вакво тело може да се објасни нивниот неуспех да ја сјебат Македонија скроз на скроз. Не е доцна тоа да се поправи.

Освен тоа, премногу се некако вкалапени во старите форми на разни топ теми и самовистини, време е да се појават со свои продукции, "Гранд дебата", зошто да не, или "Имам талент да објаснувам од каква храна е кое било говно". Прашањата би ги пеела некоја машина без мустаќи, на Амазон се продаваат џубокси со капацитет до 1.200 прашања.

Што во таква ситуација би се случувало со телевизиските водители?

Не знам. Нека формираат и тие некакво здружение. "Во дител" може да се вика, ако го земат за спонзор "Во доводот" од "Инди Раганди". И тие можат да си купат џубокс со одговори, има на "Али експрес" машини со одговори на повеќе прашања отколку што знаат Сотир Костов Кара Ками Шева и Сузана Грчева, заедно. Само со слабости во организацијата тие ја сјебаа својата способност, односно нивната улога во уништувањето на Македонија е под нивото на нивниот талент!

 

Топ тема за крововите

Вечерва на топ тема дебата за улогата на локланата самоуправа во санирањето на крововите на луѓето што гласале за СДСМ.

Учествуваат: Саша Богдановиќ Српче и Ѓорѓи Спасов Македонче.

Водители Чомибоби.

Директно вклучување на Лупевска од скопските кровови.

 

Мрзи

Сите луѓе се заробени во своите јазици, но некои го лежат затворот во буриња, други во шишиња, а ние во ампули.

Во мали стаклени капсули во кои и најситните рипки не се комотни: опашките им се свиткани ко кај кучињата при уплав, а во усните се како донатели.

Не е проблемот, сакам да кажам, само во Лупевска и во Чом или во Елизабета и Груевски, во Миленко и Јанко, во Теона и Лабина, туку во неподносливо тесниот јазичен простор во кој за исто ниво на остварување со светот, се потребни тројно поголеми напори, а ние сме мрзи!

 

Слики: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото