Спасувањето на амбасадорот Жбогар

30.08.2018 16:10
Спасувањето на амбасадорот Жбогар

Го сретнав Жбогар, целиот засрамен, стоеше на оградата на мостот меѓу Таор и Орешани, со очигледна намера да се фрли во Вардар.

-Самуил - му викнав - кај делаш на мосту, па не буш ваљда скочил, кај си ти бедак, зарем не гледаш дека можеш да паднеш врз некое говно, или врз „Раденска три срца” или врз ротор од машина за перење од марката „Горење”, да се извалкаш и да си ја скршиш главата, а не да се удавиш!?

-Тричкоуски, свеједно ми је, желим се самоказнит јер сам изговорио ону глупост да ќемо у Еуропској унији поздравит присуство језика Коневског, Матевског или Димкоуске и тиме повредио осјечаје народа коме припадају Коневски, Матевски и Димкоуска.

-Па, убаво си кажал, во што е проблемот!?

-Професорот Попоуски каже да сам требао реќи, да се тај језик зове македонски!

-Па, ти си то и рекао, само другим речима!

-Да, али, јеби га, кад у Македонији кажеш волим ову државу, увек се наѓе неки професор да ти каже: аха, и ти би да нам промениш име и идентитет, то је драги мој Тричкоуски, не могу више, убиќу се.

-Чекај малку бре, не е сè така црно,

-Тачно, ја сам у опроштајном
писму Жан Клод Јункеру написал да нема смисла да у Еуропској унији уводимо “коневскоматевскидимкоуски језик” кад сви одмах знају да је то македонски, тако да ќе ваш језик у Брислу бити заведен као македонски језик.

-Хахаха, ова ти е супер, Самуил, али желим ти још нешто речи прије него скочиш: професорот Попоуски е македонистичко пувало од најсмрдлив тип, најсмрдлив затоа што пред себе го носи штитот на академската титула, а зад штитот позата на ученоста, но како целина во однос на таканаречените идентитетски прашања, зрачи со примитивноста на искомплексирана привинциска будала која врз фрустрациите на нацијата живее како отровна печурка врз коренот на некој даб.

Тој е од ескадроните на најлигавиот македонизам, тоа се специјалци кои ги фаќаат странците кои во јавна куќа нема да побараат македонска пичка туку само пичка и веднаш бараат овие да им се извинат на сите македонски пички и на целиот македонски народ. Тој треба да дојде тука и да скокне во реката. Дојди симни се ќе те носам на „Лашко” во селскиог гранап.

-Мислиш, на словенечко пиво „Лашко”, хахаха - ми рече Жбогар и скокна на сувата страна на мостот на триста метри од продавницата.