Узурпирани пасажи

05.12.17 13:31

Зарем не се прашувате како пасажот кај денешно Министерство за правда стана бифе на Министерството? Ви пречи ли заѕидувањето на пасажот кај зградата на „Макотекс“ во дуќанче и иден булевар? Ако така ги пополнуваме сите плански оставени „празни“ простори, зошто воопшто планерите ги планираат?!

„Скопје 2014“ не се само монструозните физички попречувања и загадувања на заедничкиот и јавниот простор. Овој проект, со многу свои сегменти го наруши секојдневниот живот, движење и функционирање на граѓаните на Скопје.

Урбанистичкото планирање предвидува и навидум празни простори, но простори кои обезбедуваат тек, движење - на луѓето, на културата, стоката, животот во сите негови физички манифестации. Попречување, пополнување, апропријација и уништување на овие простори, значи и комплетно пореметување на воспоставениот тек на самиот живот.

Филмот го изработија Љубиша Арсиќ, Јордан Дуков и Жарко Настоски. За Плоштад Слобода: Ивана Драгшиќ и Филип Јовановски, во рамки на проектот „Активни заедници“.

Слични содржини

Око
Око
Око

ОкоБоли главаВицФото