1031 hPa
48 %
16 °C
Скопје - Чет, 07.11.2024 15:59
Краткиот филм налик на сон, всушност е новата реклама за модната марка „Барбери“ (Burberry). Во фокусот е размислувањето за двојните моќи на луѓето и природата.
Во режија на Мегафорс, видеото насловено „Отворени простори“ прикажува четири фигури што се спуштаат во полето со пченица. Но необично силен налет на ветер почнува да ги турка низ пејзажот. Како резултат на тоа, јурат кон стрмната карпа со грациозни, кореографски движења пред да се спасат еден со друг, со прегратка во воздухот. Извор: thisiscolossal.com