еднорог

05.01.2018 11:40
еднорог

еднорогот ноќе седи во јавните библиотеки и прелистува дебели книги во потрага по доказ за сопственото постоење.
пророкот ное го избрка од арката бидејќи еднорогот не сакаше да ги поднесува испарувањата на другите животни – оттогаш тој скита во историјата и патем пишува песни.
своето постојано засолниште го најде во германскиот јазик.
еднорогот се плаши од вода и, кога ќе здогледа море, моча в гаќи – без оглед на тоа кој му е придружник.
кога еднорогот ќе изебе девица, таа од тој миг почнува да го разбира јазикот на животните.
појавувањето на еднорогот на телевизија претскажува раѓање на демократија без политичари.
еднорогот, кратко пред да умре, се крие зашто знае: ќе го следи несреќа оној што ќе го открие неговиот труп.
еднорогот ги избегнува германските шуми.

Саид (Техеран, 1947) е истакнат германски писател со иранско потекло кој од 1965 година живее во прогонство во Германија. Автор е на неколку поетски збирки, на неколку книги со проза, на еден роман, на неколку публицистички дела, на неколку книги за деца, како и на една радио-драма. Добитник е на повеќе угледни награди. Бил претседател на германскиот ПЕН центар. Расказот „еднорог“ со кој го претставуваме овде е земен од неговата книга со кратки прози „Животни кои не постојат. Бестијариум“, објавена 1999 година.

Превод: Ѓорѓи Крстевски
Слика: Sir James Thornhill

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото