Да се размислува скромно

13.02.2018 02:11
Да се размислува скромно

Во Њујорк 1867 година бил изгласан првиот закон со кој категорично се регулираат станбените простори за изнајмување. За првпат било нужно да се обезбедат доволно излези во случај на пожар и простор во секоја спална – дури и ако гледа само кон друга просторија. Меѓу другото, законот пропишувал и дека подрумските станови мора да имаат тавани високи барем 2 метри и прозорец што ќе пропушта светлина.

Бројни подруми не ги задоволувале прописите, но нивните станари често одбивале да си заминат, како што пишува Џејкоб Рис во книгата How the Other Half Lives, семинално дело кое се занимава со сиромаштијата во Њујорк во доцниот 19 век. Требало да поминат години пред полицијата да ги извлече сите „пештерски луѓе“ од нивните илегални домови. Рис не сочувствувал. „Ако се прашувам јас“, напишал, „да бидеш исфрлен од таков стан значи дека ти се посреќило“.

Неолиберализмот го извртел патернализмот на Рис наопаку: денес сите би требало да имаат право да живеат во дупки. Либертаријанците лудачки заговараат повеќе слемови, тврдејќи дека регулациите ги креваат цените и го ограничуваат изборот. Центристите заговараат намалување на легалната минимална големина на станот за градовите да можат да ја решат станбената криза со помош на „микроединици“.

Во сосема транспарентниот стратешки документ на Институтот Менхетен стои тврдењето: „Пансион, вид зграда со микроединици, е иконски американски модел на домување кое можат да си го дозволат уметници, интелектуалци, имигранти и други со скромни приходи кои се надеваат на поволности на животот во урбана средина – од првото самостојно престојувалиште на Бен Френклин како бостонски тинејџер во 1720 година, до домот на протагонистот од насловот на популарниот анимиран филм ‘Hey Arnold!’ од деведесеттите.“

„Исто така, Американците би требало да добијат можност да заштедат и да живеат во колку малку квадрати и да посакаат“, заклучуваат авторите.

Границата помеѓу станбените простори кои се ценовно достапни и оние кои се евтини зашто се речиси ненаселиви, станува сè понејасна. Кога ќе се потегне ова прашање, поборниците на слободниот пазар барем имаат храброст да застанат зад своите уверувања – да му дозволиме на капитализмот на луѓето да им обезбеди домови кои ќе одговараат на нивната сиромаштија.

Од друга страна, либералите тежнеат кон компромисно решение. На пример, Њујорк забранува градење на профитни еднособни станови – класични микроединици од 20 век – но се обидува да ги задржи постоечките. Претставниците на локалната власт знаат дека применувањето на регулациите на постоечките еднособни станови доведе до исфрлање на нивните станари на улица. Меѓутоа, воедно и не сакаат да му дозволат на пазарот да ја задоволи огромната „побарувачка“ за трошни станбени простори; во тој случај градот ќе мора да ги легализира несоодветните како стандард. Инкорпорирањето на еднособните станови би поставило нова пониска граница, потенцијално зголемувајќи ги цените за сите станови кои се наоѓаат над таа граница.

На овој начин на Њујорк му преостануваат само митските станови со контролирана наемнина, ценовно достапните станови кои буквално се доделуваат преку лотарија и јавните станови за кои постои листа на чекање долга стотици илјади луѓе.

Не било така отсекогаш. Во триесеттите, кога станбените згради биле населени од стотици илјади њујорчани/ки, важело сосема спротивното. Не недостасувале станови, но богатите либерални реформисти се здружиле за да создадат недостаток и ги исфрлиле луѓето од непоправливо оштетените градски згради. Прво градот започнал со жестока примена на регулации и вовел нови правила за кои реформистите знаеле дека корисниците нема да можат, односно нема да сакаат да ги задоволат, објаснува Николас Даген Блум во својата книга Housing That Worked: New York in the Twentieth Century. Тоа довело до рушење десетици илјади станови и преместување толкав број луѓе кои можеле да населат еден помал град. Со помош на левичарските групи и синдикалното организирање, потоа тоа генерирало политички притисок за изградба на јавни станови – кои постепено се изградиле во голем број. Тоа било како „доктрината на шокот“, но за социјализмот.

Стратегијата на реформистите била тиранска и гнасна, неразделна од политиката за „евикција на слемовите“ кои ги уништиле соседствата во целиот град. Само дел од раселените се преселиле во нови, јавни станови, кои не биле доволни, а премалку биле доделени на луѓето што добивале социјална помош.

Но, се работи и за показниот пример за стеснетоста на размислувањето за станбеното прашање. Штотуку објавениот план за Њујорк, на градоначалникот Били Де Бласи, ги повикува градските власти на „намалување“ на дозволената минимална квадратура на становите. Неодамна, претставниците на градските власти во Мајами предложија намалување на големината на станбените единици од 37 на 25 метри квадратни. Градот Вајтхорс, кој во канадската територија Јукон се бори со кризата на домувањето, годинава одобри „ценовно достапен“ проект со единици од 32 метри квадратни.

Иднината на статус квото е јасна. Јавно-приватните партнерства ќе продолжат да произведуваат домови за сиромашните, додека приватните претпријатија ќе градат дупки за новиот век.

Слики: Michael Hayter

Извор: https://www.jacobinmag.com

ОкоБоли главаВицФото